11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Витаминка донира товарно возило за ТППЕ Прилеп

Витаминка за Територијално противпожарната единица во Прилеп донира товарно моторно возило марка Mitsubishi L200 за потребите на прилепската единица. Возилото е комплетирано со современа опрема и неопходните елементи за справување со огнени стихии.Донацијата ќе придонесе кон зголемувањето на ефикасноста и капацитетите на противпожарнатаединица и интервенциите.

„Витаминка АД како општествено одговорна компанија донира едно товарно возило за потребите на ТППЕ Прилеп, на општ добробит на граѓаните на Општина Прилеп и соседните општини. Запознати сме со фактот дека прилепската противпожарна единица покрива голема територија, а во исто време техничката опременост и возниот парк не се на завидно ниво, па тоа нé поттикна да ја реализираме ваквата донација. Ова е прва донација, а за скоро време ќе следува и уште една од нашата компанија. Имено, во соработка со уште три партнери, ќе донираме т.н. навално противпожарно возило“, изјави Орде Ѓорѓиоски директор на Секторот за правни и општи работи во Витаминка Прилеп.

Целта на компанијата е со оваа донација да помогне во техничката опременост на противпожарната единица и да се подобри нивната ефикасност и оперативност во функција на општата безбедност на граѓаните на Општина Прилеп и околните населени места.

„Поради големата емисија на штетни гасови во атмосферата, воопшто на глобално ниво ни претстои период на раст на просечната температура. Токму затоа во иднина ќе се зголемуваат и потребите за заштита на природата и ќе има се поизразена потреба да се вложува во вакви средства. Доколку го сфатиме тоа доволно сериозно и се подготвуваме навреме, ќе ги намалиме последиците од емисиите на јаглерод диоксид и од зголемувањето на просечната температура на воздухот. А според некои проценки во следните 30 години се очекува просечната температура да се зголеми за 4 степени, што е неприфатливо. Затоа, овие вложувања се неопходни и потребно е нивно интензивирање како и преземање на многу други додатни мерки, со цел навремено да реагираме и да ги намалиме штетните ефекти”, изјави Симон Наумоски, Претседателот на Одбор на директори на Витаминка.

Од противпожарната единица велат дека оваа донација е повеќе од добредојдена.

Витаминка има воспоставено долгогодишна соработка со прилепската противпожарна единица, која што се развива во континуитет и се базира на помагање и поддршка од компанијата во обезбедување неопходни материјали и опрема за потребите на единицата. Со оваа донација Витаминка уште еднаш ги потврди своите заложбите за градење функционална релација со заедницата и својот општествено одговорен однос.

Би можело да ве интересира

ФФМ продолжува со поддршка на младинските категории, футсал, женските лиги, и покривање на трошоците за службените лица

Гордана Цветаноска

Едно одделние деветтолетка во целосна изолација поради ковид

Елизабета Филипоска

Повторно се чистат дивите депонии кај Дабнички завој

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе