7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепскиот театар со „Глембаеви, уште легенда“ гостува во Загреб

Театарот „Војдан Чернодрински“ со „Глембаеви, уште легенда“ од 18 до 22 ноември гостува во Загреб, каде пред загребската публика трипати ќе ја изведе заедничката претстава, која премиерно беше прикажана во октомври во нашиот театар.
Режисер на претставата, што е копродукција со Еуроказ, е Бранко Брезовец, композитор Никола Мицевски, сценограф Ивана Кнез, а играат осуммина актери од ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“ и петмина загребски артисти.
Проектот „Глембаеви, уште една Легенда“ настанува како финален резултат на долгогодишното интересирање на хрватскиот режисер Бранко Брезовец за драмата „Господа Глембаеви“ на Мирослав Крлежа, која што, тој, досега три пати ја има поставено на сцена и тоа во Ријека, Загреб и Прилеп.
„Глембаеви, уште една Легенда“ ја поместува драмата на Крлежа од хоризонтот на мотивациска ибзеновштина и ја приближува кон стринберговската приватна симболика на Патот за Дамаск.
Уметничката организација Еуроказ е основана во 1987 г. како фестивал на нов театар кој во текот на своите 27 фестивалски изданија се профилирал како еден од највлијателните фестивали во регионот и на кој настапиле над 300 уметнички групи од целиот свет. Фестивалот се одржуваше во континуитет од 1987г. до 2013г. Од 2006 г. Еуроказ се оддалечува од презентациската и информативната функција, и станува продуцент и копродуцент на проекти со домашни и меѓународни уметници и партнери, а од 2014 г. продукцијата станува главната дејност на Еуроказ. Од самите почетоци, Еуроказ повикувал и соработувал со македонските театри.

Ова е второ гостување на прилепскиот театар на Еуроказ.

Би можело да ве интересира

Целовечерен концерт на староградски песни со октетот „Прилеп“

Прилепскиот музеј ги отвора вратите на Светскиот ден на културното наследство

Елизабета Филипоска

„Со почит кон…“ рок и поп концерти на прилепски групи на Камената бина

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе