16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепските џудо тренери се усовршуваа во соседството

Известува Никола Димески

„Техничко усовршување за учење на млади џудисти на возраст од 8 до 12 години“ беше темата на семинарот за тренери која се одржа викендов на 16 и 17 ноември во Белград – Р. Србија.
Предавач на семинарот беше јапонскиот џудо експерт Хироши Катаниши – 8 Dan. Од прилепските џудо клубови на семинарот учествуваа Пролетер со младиот тренер Александар Димитроски, Џудо Клубот Сеишин Прилеп зеде активно учество на овој семинар со свои стручни кадри, тренерите Дејан Мицкоски и Мики Чадамов и од џудо ветераните тренерот Киро Здравески. Од Џудо Клубот Санкаку претставник беше Благојче Митрески кандидат Мајстор и актуелен џудо судија.
Семинатор се одржа под мотото „Подобри го својот клуб“.
Стекнатото знаење на ваквите семинари е неопходно за работа со младите категории, зашто надградбата на тренерската вештина ќе придонесе за реализација на правилна и успешна програма со помалите возрасни групи, велат џудистите.

Би можело да ве интересира

Наумоски: Кога играте против големите клубови нема што да загубите

Никола Димески

ШОКАНТНО : Заради “анонимна дојава” федерацијата го исклучи КК Мега Баскет од натпреварите во третата лига (ВИДЕО + ФОТО)

РК Прилеп остана во Супер лига, но Кузманоски-Таста си заминува од кормилото на екипата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе