18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Пет од пет за прилепските џиу – џиц мајстори

Во Куманово, на 17 ти, во неделата, се одржа државно првенство во Бразилска Џиу Џица ( без кимоно ) во организација на Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица.

На натпреварот учествуваа клубови од повеќе градови од Македонија : Прилеп, Скопје, Охрид, Куманово, Велес, Кавадарци. Се одржаа борби во детска, женска и машка конкуренција, во сите возрасни и тежински категории.
– Од нашиот клуб за бразилска џиу џица РУТС БЏЏ Прилеп учество зедоа 5 натпреварувачи и освоија 5 медали, секој во своја категорија. Далибор Кафеџиоски се бореше во категорија – 70кг.
( под 18 години ) и освои златен медал, Леонардо Насески – категорија -61,5 кг исто освои златен медал, Горан Бабаноски се бореше во категорија -85 килограми и освои златен медал, Наумче Трајкоски – категорија – 85 килограми освои сребрен медал и Виктор Нестороски – категорија -85 килограми освои бронзен медал, велат од РУТС БЏЏ Прилеп.

Би можело да ве интересира

РК Прилеп со нови засилувања за пролетниот дел в сабота

Елизабета Филипоска

Победа поразена во Струмица

Започнува пријавувањето за турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе