5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Донација од 180.000 денари за Центарот за деца со церебрална парализа од турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2017“

  Неодамна завршениот турнир во мал фудбал што традиционално се одржува по повод Свети Никола – патрониот ден на Прилеп понуди квалитетни натпревари, а учесниците покажаа фер игра и спортски дух, беше посочено од „Локалниот спортски сојуз – Прилеп“ на денешната прес конференција. Во категоријата сениори, првото место го освои екипата на „Марфил“, додека кај ветераните најдобра беше екипата на „Златна рака“. Пионерите се натпреваруваа во три категории: генерација 2005, 2006 и 2007, при што првите места им припаднаа на екипите на „Кафе Вирус“, „Ла Костас Победа“ и „Теко солар јуниор“.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Драган Петровиќ од екипата на „Марфил“, неговиот соиграч Иван Стојановски за најдобар голман, а најдобар стрелец на турнирот беше Јорданчо Наумоски од „Мите Транс“.
Турнир во мал фудбал „Свети Никола 2017“ во основа има хуманитарен карактер со што во целост ги оправда очекувањата на учесниците и публиката.
„Што се однесува до финансискиот дел на турнирот, од котизации, донации, влезници и трансфер на средства од Општина Прилеп, собрани се вкупно 808.220 денари. Од нив, на име награди, персонален данок, ангажирани лица, греење, печатење рекламен материјал и други материјални трошоци, потрошени се 628.386 денари. Тоа значи дека од фудбалскиот турнир е остварен приход од 179.834 денари, средства кои, како што најавивме и ветивме, ќе бидат уплатени на наменска сметка на Општина Прилеп за опремување на Центарот за деца со церебрална парализа“, истакна првиот човек на „Локалниот спортски сојуз – Прилеп“, Гоце Макалоски.
Градоначалникот Илија Јованоски искажа благодарност до организаторите, учесниците на турнирот и до бројната прилепска публика. Сите тие придонесоа турнирот да биде успешен и од спортски, но и од хуманитарен аспект.
„Им изразувам честитки на организаторот, ‘Локалниот спортски сојуз – Прилеп’, којшто успешно ја организираше оваа манифестација. Благодарност и до сите спортски екипи и спортски работници, што учествуваа на турнирот. Средствата што се собраа во висина од околу 180.000 денари ќе бидат наменети за Центарот за деца со церебрална парализа. Собраните средства ќе значат почеток, заживување на овој Центар“, потврди градоначалникот Јованоски.

Би можело да ве интересира

Денеска се одбележува Светскиот Ден на радиото

Елизабета Филипоска

Тестенините поевтинуваат за 15 %, а млечните производи за 10 %

До 11 март трае јавниот увид во Избирачкиот список

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе