Кадетската џудо репрезентација на Македонија, во машка и женска конкуренција зеде учество на „Србија Опен 2019“.



Машката кадетска репрезентација во конкуренција на 13 екипи беше дел од ждрепката во група А каде настапија и екипите на Србија – А, ВГСК Велико градиште и Раковица – Београд. Во екипна конкуренција, во оваа група, првото место и за влез во финалето се избори тимот на Србија – А, Додека македонскиот тим не усепа да влезе во полуфиналето,ниту во финалето. Џудо федерацијата на овој екипен кадетски натпревар го преставуваа кадети:
Ангелески Христијан -60 кг. Цаневски Валентин -66 кг. Талески Антонио -73 кг. Глигороски Христијан -81 кг. Најдоски Јован +81 кг.

Горан Мицкоски, селекторот на јуниорската репрезентација ,кој ги предвпдеше кадетеите,сепак беше задоволен од настапот на македоснките кадетски џудисти и за радио Пела изјави:
„Нашите репрезентативци со срце ги бранеа нашето знаме и боите на нашата држава, среќен сум што оваа нова генерација во кадетска конкуренција полека но сигурно зачекорува по стапките на повозрасните репрезентативци со кои сум се радувал на многу наши заеднички успеси. Машките беа поразени, но имаа секој по три меча со своите врсници со кои можеби ќе се сретнат на некој европски куп или официјално европско или светско првенство, што за нив е одлично. Женските ги избубија двата меча против Србија – А и Србија – Б, но ја поберија екипата на Дробета Турни Северин од Романија и се закитија со бронзата. Ќе потенцирам дека бронзениот медел за овие млади девојки ќе значи поттик повеќе за нивната иднина, ова е само уште еден показател дека нив им претстои светла иднина. Ја користам оваа прилика да им честитам и на машката и на женската екипа за борбеноста и успехот кој го направија. “-изјави Мицкоски