27.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Успешно заврши ракометниот турнир во Прилеп. За прв пат турнирот го освои странска екипа

Екипата на Дубочица од Лесковац го освои меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Српскиот тим славеше во финалето против домаќинот Прилеп со убедливи 36-24, а победникот беше најавен уште по првиот дел, кога гостите водеа со 19-14 . Ова е прв пат странска екипа да го освои турнирот во Прилеп. Претходно два пати победник беше Еурофарм Пелистер, а по еднаш Охрид, Тиквеш, Пролет и Металург 2.

 

РК Прилеп

 

 

Најдобар голман на турнирот беше проглaсен Ѓорѓи Ерманоски од Мулти Есенс, најдобар стрелец со 25 постигнати голови,  беше  Давор Шокоски од Прилеп, додека МВП (најдобар играч на турнирот) беше  левото крило на Дубочица, Марко Радуловиќ.

Третото место на седмиот по ред меморијален турнир „Миле Нешкоски го освои составот на Скопје, кој славеше против Струга со 23-21,  додека петтото место го освои грчки  ПАОК – Солун по триумфот над Мулти Есенс, со 31-28.

Фото и текст преземен од:  https://24rakomet.mk/%D1%82%D1%83%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%80-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5-%D0%BD%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%84%D0%B5%D1%98%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4/

Би можело да ве интересира

Таиквондист Георгиевски ита кон првиот медал за Македонија на ОИ во Токио (ВИДЕО)

Kaранфилоска: Природата е совршено место за пронаоѓање на сопствениот мир

(ВИДЕО) По 15ти пат во Прилеп се одржува меѓународниот џудо турнир „Прилеп град херој – Цевитана Куп 2025″

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе