„Со звуците на обоата„ е насловен концертот што ќе се одржи ,утре /понеделник,/ на 2 -ри декември од 19.00 часот, во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“.
На обоа ќе настапи Гордана Јoсифова Неделковска, во пијано придружба на Елена Атанасоака Ивановска. На програмата се дела од познати композитори.
Проф. м-р Гордана Јосифова-Неделковска дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Киро Давидовски, а се усовршувала на академијата „Моцарт“ во Варшава, Полска и BANFF центарот за музика и звук во Канада, како нивен стипендист. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари.
Во 2004 година од Уредничкиот одбор на Американскиот биографски институт Гордана Јосифова-Неделковска е номинирана во категоријата „Успешни жени на 21 век“. Во публикацијата која содржи биографии и трудови на жените кои се влијателни и креативни во општествениот живот во своите земји, токму таа е избрана меѓу жените во светот, бидејќи со своето делување како уметник и педагог оставила длабоки траги во својата средина. Во текстот на Американскиот биографски институт се наведува дека ГорданаЈосифова-Неделковска е една од успешните жени на 21 век, која со својата севкупна активност може да послужи како пример и патоказ за младитегенерации. Гордана Јосифова-Неделковска е редовен професор по предметите обоа, камерна музика и методикс на наставата на дувачките инструменти на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Од учебната 2009/2010 годинатаа е избрана за декан на овој факултет, а во учебната 2013/2014 година е реизбрана за декан за уште еден мандатен период. Од 15.09.2016 е назначена за Проректор за меѓународна соработка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје.