7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Осми декември, Ден на св.Климент Охридски Чудотворец

Денешниот ден, осми декември, се одбележува како Ден на св.Климент Охридски Чудотворец, најпознатиот ученик на браќата Кирил и Методиј, голема фигура во христијанството и во просветителството. Свети Климент го создал првиот словенски универзитет – Охридската книжевна и духовна школа ,во Охрид ,кој е и првиот словенски универзитет и прв универзитет во Европа.

На Светиклиментовиот универзитет се изучувале сите тогашни науки. Се создавала нова книжевност и просвета. Во Европа влегла христијанската цивилизација на новиот јазик на Словените. Започнал новиот период во историјата на целото средновековно христијанство. Охрид, свети Климент и неговиот Универзитет станале граница меѓу двете големи јазично-културни цивилизации: грчката и латинската, и се издигнала третата – словенската, јазично-културна цивилизација.

Библијата била основа на сè што мислел, што зборувал, што пишувал, што творел и како живеел. Затоа постанал тоа што е – Божји светител и народен просветител. За сите прашања од животот ги користел Библијата и учењето на светите отци.Свети Климент бил пример: и со животот и со делата, и со добродетелите и со дарбите, и со знаењето и со учењето, и со службата и со подвизите, и со учителството и со творештвото – и со целокупната своја личност, која ја имал изградено според критериумите на Евангелието.

Со упоколи 916 г во Охрид. Најголемиот дел од моштите на св. Климент се чуваат во Македонија, во Плаошник, а покрај нив, во Македонија има мошти на св. Климент во Бигорскиот манастир, во Митрополијата во Битола, во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ – Скопје, во црквата „Св. Климент Охридски“ – Скопје и во Поречкиот манастир

Во црквата на Светите Седмочисленици во Софија (Бугарија), има дел од моштите со големина на нокот, а во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Пловдив има честица од моштите кои се подарок од МПЦ-ОА во 2008 година. Неговиот череп се чува во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Бер (Верија), во Егејска Македонија. Черепот го зеле двајца монаси за време на пренесувањето на моштите на светецот од охридската црква Св. Пантелејмон, која Турците ја претвориле во џамија, во црквата Мал Св. Климент, а потоа во црквата Св. Богородица Перивлепта. Монасите веднаш ја однесле главата во манастирот во Бер, каде св. Климент Охридски станал монах.[2] Во 1970-тите, една честичка од моштите била однесена и во Рим,-пишува во Википедија

Би можело да ве интересира

Марина:“Сакам со силата на моите раце еден ден да го кренам мојот син!“

Елизабета Филипоска

ИН МЕМОРИАМ: БОРИС ДАМЈАНОСКИ ЗБОГУМ ЗА ЏАОЛО, ИГРАЧОТ ШТО БЕШЕ ДЕЛ ОД ПРОЧУЕНИОТ СОСТАВ НА ПОБЕДА

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО-ФОТО)Со изложба на маски од учениците започна карневалот Прочка 2025

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе