0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Промоција нa “Секунди нa љубoв зa пaмтивек” oд Биљaнa Јaндрескa

Младата писателка и поетеса, прилепчанката Биљана Јандреска, утре во кафе бар Арт кафе Апореа, со почетокот од 17 и 30 ќе ја промовира книгата “Секунди нa љубoв зa пaмтивек”. Ова е трета книга на Јандреска, која всушност е комбинација од проза и поезија, своевиден дневник на една љубов.
Авторката Јандреска се решава да проговори за љубов иако тоа значело да се врати 365 денови и ноќи: „од првата заедничка ноќ кога целиот живот ми се смени и животот ми стана ти“, вели таа.

– Оваа збирка на Јандреска е богата ризница на страст што може да ја поседува само љубена жена, жена што знае да љуби, жена што знае што сака од љубовта, што да бара и да земе од љубениот, но кога истата не е возвратена и се сведува на голата телесна љубов, вели рецензентот Даница Петровска од Куманово.

„Билјана Јандреска чувствува дека моќта на поезијата е во нејзината истрајност“, вели писателот и книжевен критичар Трајче Крстески и зашто:
„Поезијата е неопходна во постојаната борба за опстанок, но и за изразување на љубовта, што впрочем е човечка нужност за се опстане. Без љубов, нема да бидеме ниту мравка, ниту црв, ниту цвет или дрво,ќе бидеме сувопарност, безимени и бестелесни, воздишката нема да ни изразува ниту чувство, ниту болка, таа ќе биде само дел од здивот на безличниот ветер“, вели Крстески.

Биљана Јандреска е родена 24.06.1991 година во Прилеп. Во 2013 година завршила на Факултетот за детективи и безбедност при ФОН Универзитетот во Скопје и се стекнала со звање дипломиран детектив. Романот „Вистинска љубов“ е нејзина дебитанска книга којашто ја напишала уште во 2007, поетската книга „Предигра низ песна“ е нејзина втора книга кoјa јa издaвa истaтa гoдинa вo декември.

“Секунди нa љубoв зa пaмтивек” е сиже oд нејзинaтa целa гoдинa пишувaње нaлик нa пoетскo-прoзен дневник.

Би можело да ве интересира

Прва изложба на Оливер Маринкоски во Прилеп

Со изработка на мурал во центарот на Прилеп продолжува АКТО Фестивалот за современи уметности 2020

Гордана Цветаноска

Прилепскиот адет „Амкање“ го најавува запостувањето

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе