2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп во духот на хуманоста ќе ја чествува градската слава

Свети Никола градската слава на Прилеп годинава по 14-ти пат прилепчани ќе се одбележува во духот на традицијата и хуманоста. Женските здруженија веќе започнаа со работа, сармите се подготвуваат. И годинава вкусната посна трпеза ќе биде во центарот на градот каде ќе бидат подготвени 150 кгр грав, 65 илјади сарми, 300 кгр риба, 100 кгр маслинки, 80 литри ракија, 700 литри вино. Вкупно ќе бидат подготвени 3 500 порции.
– Сармичките светиниколски колку се помали, толку се повкусни. Ние прилепчани за мали сарми сме специфични, сакаме да бидат што повкусни. Виткањето на сармите ни претставува големо задоволство. Со песна се виткаат сармите, затоа се помали и повкусни и сармите се смешкаат, велат членките од женските здруженија кои учествуваат во спремањето на вкусната трпеза за Свети Никола.
Нема светиниколска трпеза без посно гравче, домашно подготвена риба, винце, вкусна ракиичка, со благодарност до домаќините кои знаат да ги зближат и да ги сплотат оноe кои учествуваат во подготвувањето, посочија членките на женските здруженија.

Градоначалникот Илија Јованоски, чие што семејство лани беше домаќин за патронот и верно ја почитува традицијата, упати покана за присуство до сите добронамерници.
.- Два дена пред големиот христијански празник „Св.Никoла“, кој воедно е и патрон на нашиот град, можам да речам дека подготовките се во завршна фаза. Свети Никола е заштитник на морепловците, рибарите, на немоќните и сиромашните граѓани и се слави во многу земји во светот се слави, а особено ми е драго што го празнуваат и половина од жителите на нашиот град. Ја користам приликата да ги поканам сите наши сограѓани, во четврток на 19-ти декември, по завршување на светата литургија, да ни се придружат на богата посна трпеза во центарот на градот. Вредните раце на жените од четирите невладини организации професионално си ја одработија својата задача и подготвија посна трпеза за граѓаните, кои очекуваме дека ќе ги има во голем број“, посочи градоначалникот Јованоски.
Годинешен домаќин на градската слава е семејството Небрежанец.
-Чест и задоволство е што нашата фамилија годинава е домаќин на градската слава „Св.Никола“. Инаку ова не е наша домашна слава, ние ја празнуваме „Св.Архангел Михаил“, но сакаме традицијата да ја пренесуваме од колено на колено. Искрено се надевам дека и моите три ќерки ќе ја продолжат таа традиција. Во името на заедништвото, почитта, љубовта, ги поканувам сите наши граѓани во центарот на Прилеп, заедно да чествуваме и да ја вкусиме светиниколската трпеза. Мојата препорака е секој кој се чувствува подготвен, да ја прифати оваа слава, бидејќи сето ова ни дава поголема амбиција и самиот момент не’ прави повесели“, истакна Кире Небрежанец, кум на градската слава „Св.Никола“.
Во четврток на 19 ти се ќе биде во знакот на големиот христијански празник Свети Никола. Одбележувањето ќе започне утрината со Божествена литургија во црквата Свето Благовештение со која традиционално ќе чиноначалствува Митрополитот Преспанско-Пелагониски, Владиката Петар. По литургијата одбележувањето продолжува со мал водосвет и режење на славскиот колач кај параклисот на Свети Никола во центарот на Прилеп. Посната трпеза и годинава ќе биде послужена на булеварот „Гоце Делчев“во центарот на градот.
Хуманоста, дарувањето и донаторството е одбележување на големиот празник. Во духот на она што го одбележува Свети Никола во Прилеп се одржува и традиционалниот хуманитарен светиниколски турнир во мал фудбал.

Исто така, здружението „Епилепсија Македонија“ ја организира големата хуманитарна акција „Подај рака – биди човек“, од која собраните прехранбени артикли ќе бидат доставени на социјално ранливите категории. Но, сите кои нема да можат да присуствуваат на овие настани, од синоќа во сите православни храмови и цркви во Прилеп се поставени посебни црвени кутии за донација на парични средства. Помош за социјално ранливите категории на граѓани е целта на сите овие иницијативи.

Би можело да ве интересира

За полуматурантите на располагање 1 800 места во 5 те средни училишта во Прилеп

Гордана Цветаноска

Микросам на најголемиот американски саем за современи композити – CAMX 2022!

Гордана Цветаноска

Илинден во Крушево со богата културно уметничка програма

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе