-0.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Почнува повратот на персоналниот данок за земјоделците

Управата за јавни приходи од утре ќе започне со исплата на повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците. Ќе се исплатат 80 милиони денари на околу 17.000 земјоделци, кои го остваруваат правото на поврат на персонален данок на доход.
Персоналниот данок ќе им биде вратен на сите оние земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и коишто оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари. Оваа исплата е за приходите остварени до крајот на 2018 година, а парите се враќаат директно кај земјоделците, што во текот на 2018 година оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари, како дополнителен приход.
Право на поврат на персоналниот данок имаат земјоделците коишто не се ДДВ обврзници, немаат остварено приходи по друг основ, земјоделците да не се во работен однос и да не остваруваат приходи од закуп или од игри на среќа.
Повратот ќе се врши на трансакциските сметки на земјоделците и ќе врши неколкукратно до крајот на годината односно додека не се исцрпи целиот поврат.
„За земјоделците на кои им следува поврат, а за кои УЈП и МЗШВ во моментот не располагаат со точен податок за трансакциска сметка, УЈП ќе направи напор да ги обезбеди по службен пат и директно во контакт со лицата. Токму затоа, доколку некои од земјоделците во текот на годината имаат некакви промени, апелираме да ја известат УЈП. Граѓаните кои остваруваат приходи единствено од земјоделска дејност може да добијат поврат во износи до 20.000 денари. Дополнително, тие беа ослободени и од административни процедури како поднесување барање за регистрација како даночни обврзници и плаќање на административни такси “, изјави директорката Лукаревска.
На почетокот на 2018 година, Владата го измени Законот за персонален данок на доход, со што се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од претходните 300.000 денари на 1.000.000 денари. Дополнително со законските измени значително се поедноставија даночните постапки за земјоделците, како поднесување на барања за регистрација и плаќање на административни такси.

Би можело да ве интересира

Витаминка ги изложи производите на Ануга, водечкиот саем за храна и пијалаци

Втора регионална работилница во Битола за консолидација на земјиште

Гордана Цветаноска

Тутунарите ќе ги добијат субевенциите! Изгласан законот за земјоделство и рурален развој

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе