11.3 C
Прилеп
четврток, 1 мај, 2025
Пела Радио

Ракометарите на Прилеп се изборија за плеј-оф

Ракометарите на Прилеп на домашен терен изборија место во плеј-офот на Првата лига. На две кола до крајот на регуларниот дел Прилеп славеше против Вардар Неготино со минимални 33-32.
Екипата на Прилеп иако со предност од пет голови, 30-25, пред крајот избори победа од само еден гол разлика.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Пајкоски и Христи Бикоски со по осум погодоци, додека кај Вардар Неготино се истакнаа Ратко Вељанов со 11 и кадетскиот репрезентативец Ѓорѓи Ташев со осум голови.
Прилеп има 33 бода и се наоѓа на втората позиција, со што го осигураа своето место во разигрувањето за Суперлигата.

Би можело да ве интересира

Димеска без пласмн на Европскиот Куп во Џудо

„Домашниот терен“ не е гаранција за победа

Гордана Цветаноска

Започнува пријавувањето за турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе