30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Заедно за превенција против родово базирано насилство

На 20 декември во хотел Континентал во Скопје, се одржа конференција на тема „Заедно за превенција против родово базирано насилство“. Оваа конференција всушност е завршна активност од проектот „Акции против родово базирано насилство кај ромски и други маргинализирани заедници“, кој е финансиран од Германската Амбасада во Скопје.
За одбележување е што на оваа конференција имаше шеесетина претставници од сите краеви на нашата држава и тоа претставници од различни сектори како владини, општински, граѓански, меѓународни организации и медиуми. На оваа средба беа презентирани резултатите кои ги постигна овој проект во изминатата година, а потоа се разговараше и за предизвиците со родово базираното насилство.
На оваа конференција присуствуваше и Katrin Frühinsfeld– Прв Секретар Германска Амбасада Скопје, која ја поздрави конференцијата и се обрати до присутните.
Свои обраќања на настанот имаа м-р Елена Грозданова, Државен советник за еднакви можности од Министерствоза труд и социјална политика, Дејан Тошески – Директор на Меѓуопштински центар за социјална работа во Прилеп, Ајша Муаремоска – претставник од Комисијата за еднакви можности – Општина Долнени, координаторот на проектот и експертите кои работеле со жртвитево рамките на проектот.
Конференцијата донесе размена на искуства на присутните, дискусија за одредени состојби и проблеми со родово базираното насилство во сите сфери на живеење и секако заврши со препораки да се продолжи да се работи на полето на помош на жртви од родово базирано насилство, но и да се работи на превенција на родово базирано насилство во делот на работа со млади, кампањи и слично.

Би можело да ве интересира

(Видео) Приказна за девојката со аутизам која ги наслика ѕидовите на градинката – филм на Радио Пела „Инклузија на дело“

Пела Редакција

Slow food со уште едно успешно пазарче во Прилеп

Пела Редакција

МОНИТОРИНГ ИЗБОРИ 2025: И самите учесници често не беа едуцирани/информирани дека прават злоупотреби

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе