3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ФК Победа под капата на Општина Прилеп

Советот на Општина Прилеп на својата последна, денешна, седница од годинава што изминува, реши да го спаси ФК Победа.  Тие донеса одлука за отпочнување на постапка за преземање на ФК Победа АД Прилеп во сопственост на Општина Прилеп.

„Ако не донесеме одлука за прземање на ФК Победа, како акционерска друштво може да оди под стечај и на тој начин Прилеп да го изгуби фудбалскиот бренд. Акционерите, одлучиа да ги продадат акции по цена од едно евро, но освен еден „несероизен„ купувач, никој не се понуди да ги откупи акциите и да ја земе Победа под свое покровителство. ФК Победа е бренд за Прилеп и ние не смееме да дозволиме да ја нема, иако Победа е со голем долгови. Клубот ќе биде под „капата“ на Општина се додека не се најде инвеститор „ –  рече градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Опозицијата од говорница побара, одложување на оваа точка и објаснување за тоа „кој ќе ја води Победа ?„. А, на прес конференцијата, која се одржа во текот на седницата, пред Општина Прилеп Петар Ристески, координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, рече:

            „ Ние како прилепчани го посакуваме најдоброто на овој клуб. Како власт го оставивме клубот во Прва лига на шестото место, а денеска се наоѓа на 8-то место во Втората лига, на прагот да отпадне во Третата. Сега ФК Победа ќе ја преземал градот, а не кажуваат које ќе ја управува, како, колку средства ќе биде одвоени од буџетот на Општина Прилеп, односно од граѓание на Општина Прилеп,  за оваа намена. Кој ќе располага со тие средства? Кој ќе биде поставен како управувачки орган на ФК Победа …?!  Советничката група на ВМРО ДПМНЕ, само бара да се почитуваат сите законски норми во преземањето на ФК Победа под општинска капа. Барањето, општината да го преземе ФК Победа е потпишано само со само „ФК Победа„. Во тековната состојба која ја добивме од Општината се гледа дека орган на одлучување е “одбор на директори“. Одлука од одборот на директори и потпис на барањето нема. Затоа, баравме да биде одложена оваа точка на дневен ред, за да добиеме повеќе информации, дали е во ред ваквата одлука?!.„ –  рече Ристески

Дека ФК Победа се наоѓа во незавидна ситуација говори и податокот дека неодамна остана и без тренер. Информацијата кој пристигна од клубот соопштуваат дека поради слабите резултати во есенскиот дел од превенството УО на ФК  „Победа“ – АД Прилеп (кој се состанал на 17. 12 2019 г.) го разрешил тренерот Тони Мегленски од функцијата, па така клубот остана и без тренер.

Би можело да ве интересира

Пожар ја зафати месноста „Заград“ – пожарникарите апалираат за помош

Пела Редакција

Целосна забрана за движење во шуми – Казните се високи за непочитување на законот

Кафулињата од денeска отворени. Но, пред пиење кафе, дезифицирање на раце

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе