Во ЈКП,,Комуналец“ – Прилеп започна со работа автоматската преса за пресирање и балирање на сите видови стара хартија, картон, отпад од графичката индустрија, отпадни материјали од индустриското производство, лименки, боци. Вредноста на пресата е 3.690.000 денари, а прилепски Комуналец ја набави со средства од проектот БИО – РЕАЛ, од програмата на Европска Унија Интеррег – ИПА, Прекугранична соработка со Грција.
Хоризонталната хидраулична преса ќе балира 4 тони стара хартија, картон, отпад од графичката индустрија и лименки во еден час, материјали за кои што има побарувачка на пазарот.
– Оваа хидраулична преса во многу ќе помогне во Комуналец,ќе за ја забрза нашата работа, ќе ја зголеми продуктивноста на повисоко ниво и ќе одговориме посовремено на барањата за селекција на отпад, рече директорот Ирена Станковска.
Претходно ова јавно комунално претпријатие доби наменско возило за селектирање на отпад преку овој европски проект за меѓугранична соработка, а општината и понатаму продолжува со поддршка.
– Општина Прилеп продолжува со субвенционирање на ЈКП Комуналец. За наредната година ќе бидат оддвоени 20 милиони денари за модернизација и осовременување на возниот парк и целата механизација што е потребна за нормално функционирање, потенцираше градоначалникот Илија Јованоски.
Автоматската преса е со потисок од 200 бари, изработена е од квалитетни челични материјали, со примена на современи конструкциски решенија, со што е обезбедена сигурност и брзина во работењето.
Современата машина за преработка на отпад заменува 10 работници, со што се обезбедува работна сила за побрз асортиман на отпадните материјали.
Со овој проект, ,, Комуналаец,, набави и специјално комунално возило од 7м3 во вредност од 3.7515.000,оо денари Проектот БИО- РЕАЛ е од програмата на Европска Унија Интеррег – ИПА, Прекугранична соработка со, Грција, а ги користат 6 партнери: Општините Халкидона и Термаикос од Грција, Универзитетот за храна од Солун, ЈКП,,Дервен,, од Велес, Општина Свети Николе и ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп.
претходна вест