11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Oдбраната на Раул – клуч за успех на ова ЕП! Разговор со Горан Кузманоски – Таста, интернационалниот прилепски ракометар, играч на романски Одорхеи

Кузманоски-Таста
Горан Кузманоси-Таста(35), некогашен македонски репрезентативец, денeска веќе седум години, играч и капитен во романскиот Одорхеи. Годинава потпиша, потворно, двегодишен договор со овој романски клуб. Кузмановски дојде во Одорхеи, 2010 година и се истакна како еден од клучните играчи,со што ја доби и капитенската трака од тимот.
 Изминатава сезона тој беше наименуван и за помошник тренер во тимот, а по остaвката на тренерот Влад Чаба, ја доби довербата да го води тимот како играч-тренер во разигрувањето за 5- то место во романскиот шампионат, кое пак му донесе и европски настапи за оваа година
Од доаѓањето на Кузманоски во клубот, Одорхеи стана и македонска база во Романија и клуб во кој секоја сезона играат по неколку македонски ракометари. Во овој романски клуб, покрај Кузманоски, досега беа и Стојанче Стоилов, Лазо Мајнов, Мите Стоилов, а изминатава сезона таму настапуваа и Милорад Кукоски и Гоце Ојлески.
Своите ракометни почетоци Кузманоски -Таста ги  започнува во некогашниот ракометен гигант Тут-ком Прилеп, и веднаш беше забележан од македонската рекометна јавност, што беше и дел од златната генерација на младинската репрезентација, која го освои 4 место на европското првенство во Полска во 2002. Од македонските клубови тој има настапувано во ВардарМеталург и Пролет, а како интернационален  играч, играл во неколку екипи во Шпанија, Португалија и Исланд. За репрезентацијата на Македонија има настапи во сите категории.

 

Радио Пела:Најпрвин, како го видовте синоќешниот натпревар меѓу Словенија и Македонија?

 Горан Кузманоски Најпрвин честитки за момците. Изиграа одлична „машка“ игра со Словенија ,која донесе многу голема борба, возбудувања, драма и заврши среќно за нашата репрезентација. Нашата репрезентација едноставно на колена ја фрлија Словенија, третата најдобра селекција во светот. И,тоа е голем успех .Словенија ја совладавме,но и Црна Гора со борбена и храбра игра  можеме да ја победиме.

 

Радио Пела:  Кои се можностите на Македонската репрезентаација на ова ЕП во Хрваска. Може ли да се бориме за висок пласман?

Горан Кузманоски:  Со успехот во Србија ракометот во Македонија стана уште попопуларен. После светското првенство во Хрватска, Македонија настапува на најголемите репрезентативни собири. Тоа е голем успех за една мала држава како Македонија. Веќе станавме ракометна нација и добро е што сме препознатливи по спортот –  ракомет. Во Хрватска не чека тешка група. Германците кои се мои фаворити на ова првенство се фаворити во групата.  Битно е што сите репрезентации имаат респект кон нас. Овој тим е составен од искусни и млади. Во една добра атмосфера и без голем притисок дека треба да освоиме некое место мислам дека ќе направиме добар успех

 

Радио Пела: Кое место е реално да го  очекуваме за македонската репрезентација? Според твоето мислење  како рекометар  и репрезентативец,  кој е најнезгоден противник на македонската репрезентација во нашата група и воопшто од репрезентациите на ЕП?

Горан Кузманоски : За кое место ќе освоиме не сакам да прогнозирам пред време, затоа што – пласманот во следната фаза е успех за нас. Многу тешка група имаме ….. Како што напоменав Германија е најтежок противник затоа што се работи за една добра репрезентација предводена од млад селектор кој што со успех го водеше Лајпциг.

 

Радио Пела:Кој е најголмиот адут во  македонската репрезентација?

 Горан Кузманоски Сигурно КИРИЛ ЛАЗАРОВ е најсилниот и најголемиот адут. Играч од светска класа секогаш мотивиран за Македонија. Заедно со Стоилов, Миркуловски и Ристовски предводени од Раул очекуваме добар пласман. Раул е тренер кој што пред Вардар работеше со Душебаев долги години во Сиудат. Тоа е знак дека неговиот успех во Вардар не е случаен. Наметна нов стил на ракометна игра  и мислам дека неговата тактика во одбраната ќе биде клучот на ова првенство.

 

Радио Пела: Твое мислење за сегашниот состав на македонската репрезентација – што може оваа репрезентација да постигне ?! Дали младите како Талевки, Кузманоски би требало да блеснат на ова превенство ?

Горан Кузманоски : Поголемиот дел од овој состав заедно играат долги години и веќе добро се познаваат. Мислам дека го имаме еден од најдобро уиграните состави на ова првенство. Младите Кузманоски и Талески,се позитивно надополнување кое треба позитивно да ја оправдаат довербата затоа што овие двајца се иднината на македонскиот ракомет.

Горан Кузманоски-ТастаКузманоски -романски  Одорхеи Кузманоски во акцијаКузманоски во акцијаКузманоски - Камп ЛазаровЛазаров-Новоселска-КузманоскиГоран Кузманоски -ТастаКузманоски-ТастаКузманоски во нападГоран Кузманоски-Таста

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Кадетите на РК Прилеп поразени од лидерот Струга

Пела Редакција

ПРИЛЕП ПРОТИВ ТИМОТ ОД СВЕТСКИОТ ШАХОВСКИ ШАМПИОН КАРЛСЕН

Елизабета Филипоска

Заврши Европско првенство за слободно летачки модели ФАИ 2022

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе