30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилеп домаќин на Светско јуниорско првенство во воздухопловно моделарство

Сабота и недела, 3 ти и 4 ти август се резервирани за традиционалниот Светски Куп трофеј Прилеп во воздухопловно моделарство на летилиштето кај село Веселчани. Сабота на Светскиот Куп натпревар се одвиваат натпреварите во категориите – Ф-1-А / Ф-1-Х, а недела 4 ти август во категориите – Ф-1-Б, Ф-1-Ц, Ф-1-П, Ф-1-К.

Веќе од понеделник 5 ти август до 10 август сабота, ќе се одржува Светско јуниорско првенство во спортско моделарство – воздухопловни модели во организација на Воздухопловна Федерација на Македонија и Воздухопловен клуб „Фил Феникс“Прилеп. Првиот ден е резервиран за регистрација на натпреварувачите и селекциите; на 6 ти август во Градската библиотека ќе се биде промовирана јубилејна поштенска марка, а вечерта е планирано свеченото отворање со огномет.

Натпреварите ќе се одржуваат на 7, 8 и 9 август од 7 изутрина со финални натпревари во попладневните часови.

В сабота на 10 ти август вечерта ќе биде прогласување на победниците.

Би можело да ве интересира

Рк Прилеп триумфираше во плеј аутот против Струга пред своја публика како гостин (ВИДЕО +ФОТО)

Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминацијат

Прилепските велосипедисти се закитија со сребро и бронза

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе