-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

МЗШВ: Oткупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм

.  Досега според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство откупени се над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм. Откупот на тутунот се одвива непречено на сите откупни пунктови во земјава. Вредноста на откупениот тутун е над 4,2 милијарди денари и 94,4 отсто од досегашниот откупен тутун е исплатен од страна на откупните компании – се вели во соопштението на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Вкупното производство на тутун од реколтата 2019-та изнесува над 26.700 тони тутун, што е за 6 отсто повеќе од реколтата 2018-та. Во реколтата 2019-та,  вкупно се  засадени 13.342 хектари тутун и склучени 32.798 договори со девет компании. Издадени се 20.933 евидентни листови.

По завршувањето на откупот и штом завршат сите административни процедури околу контролите, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе започне со исплата на субвенциите за производителите на тутун.

Инаку, за реколтата 2018-та се исплатија 29 милиони евра по основ на новиот модел за зголемени субвенции за тутунот. Со новиот модел за зголемени субвенции , субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Од оваа 2020-та година според новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, ќе се укинат евидентните листови, со што драстично ќе се олеснат административните процедедури за тутуноптоизводителите.

Би можело да ве интересира

Целосно се затвараат кафетериите, рестораните, обложувалниците, барови, клубови и казина

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО)Прилепските пензионери протестираа, од утре ќе бараат поддршка од пратениците

Пела Редакција

Сиромашни тутунари – сиромашна чаршија, тутунарите апелираат на поддршка за протестот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе