„Зошто е затворен тротоарот и дел од улицата кај турскaта бања во Прилеп? “- прашуваат граѓаните, поминувајќи покрај овој објект. Пешаците мораа од вчера, како премин да ја користат улицата, внимателно, зашто од спротивната страна доаѓаа автомобили, а возачите да внимаваат како се движат на коловозната лента.
Чаршијата, шпекулира дека ќе се врши реставрација на некогашната турска бања, која, иако е историски бесценет споменик и е во центарот на градот, одамна е незаштитен и руиниран, и како да се чека да се сруши самиот од забот на времетно, па тој дел да се претвори во нов трговски центар или кафетерија, кои некои “урбани’ глави повеќе го посакуваат. Но, најава за реставрација и заштита нема, и се чини како никој да не му е грижа за заштитата на ова непроценливо културно наследство.
Други, пак, тврдат дека просторот е заграден , бидјеќи е опасно место за движење , а трети дека ќе се уредува тротоарната површина и ќе се сечат дрворедите.
Од наши извори дознаваме дека веќе почна проширувањето на булеварот, проект кој го најави локалната власт минатата година како значаен инфраструктурен зафат.
Реновирањето на булеварот „Гоце Делчев“, би овозможило намалување на сообраќајниот метеж. Реконструкцијата треба да започне од потегот од кружниот тек кај споменикот Карпалак, сé до крстосницата пред поранешната градска кафеана, а истото ќе биде направено и со делот од улицата ,,Прилепски бранители,, од крстосницата кај поранешна градска кафеана, до кружниот тек пред поштата, најавуваа градските власти, минатата 2019 год. Реновирањето би се засновало на добивање и велосипедски патеки, а древоредите не би биле уништени. Тоа, барем беа првичните најави за проширување на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Изведувач на активноста е градежната фирма „Изофас“, кој ќе врши градежните активност дел по дел, со цел булеварот да остане прооден за пешаци и сообрајќај.