23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Петто реми на Победа на домашен терен

Победа на стадионот на Могила денеска ги измери силите во дерби натпревар со Слога од Виница од Втората лига-Исток (1:1). Виничани поведоа уште во 8-та минута со гол на Момориски од слободен удар. Израмнувањето стигна во 88-та минута, по центаршутот на Бошески, во казнениот простор на гостите со глава најдобро се снајде Петровски за конечни 1-1.

Победа настапи во следниот состав: Котевски, Бошески, Петкоски, С. Спиркоски (од 65 мин Петровски), Стомнароски, Каралиоски (од 29 мин Митрески), Дунимаглоски (од 65 мин Дамевски), Јошески, Кисески-Илијоски (од 81 мин Симјановски), Најдов и Грозданоски.

Во наредното 19-то коло Победа ќе гостува во Пехчево кај екипата на Кит-Го. Победа се наоѓа на 7 мото место на табелата од Втората лига Исток со 15 бодови.

Би можело да ве интересира

Победа стартува утре, а на стадион со ковид сертификат и публика до 50% од капацитетот

Манчески, Павлов и Трајкоски од РК Прилеп во списокот на селекторот Лазаров

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ИЛИ НЕ’ – Победа ги загуби бодовите против Кожув (ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе