2.2 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

„Жени“ – една поинаква театарска престава

По повод 4-ти февруари, Светскиот ден за борба против ракот!

Прилепчани имаа ретка можност да ja проследат аматерскaта документарна театарска престава од Битола „Жени “ ,  која  се разликува со својата оригиналност и емотивност. Станува збор за  храбри жените, битолчанки, кои раскажуваат за својот живот, за тоа како ја водат битката со ракот , како болест која не одбира ниту возраст, ниту години.  Три жените на различна возраст, во различна животна доба,  ја говорат својата животна приказна на сцена и ги охрабруваат другите да се борат и навремено да прават лекарски прегледи. Во преставата глумат жени кои го победиле ракот и жени кои сеуште ја водат битката со оваа болест. Тие  зборуваа за битката со животот ,за биката со ракот.

„Со преставата сакаме да ја  подигнеме опшествената свест  за оваа боелст,  да ја подигнеме свеста за редовни прегледи, што би довело до брзо дијагностицирање на ракот, со што би се намалила огромната бројка на заболени од рак, во нашиот Пелагониски регион, но и во сите региони  “ – вели режисерката , Софија Ристеска Петрушева

Радио Пела: Што беше  целта на преставата?!Кој е основната идеја?!

Софија Ристеска Петрушева , режисер: Целта беше , овие жени кои доживеале рак, особено  рак на дојка, рак на матка… да можат јавно да  зборуваат за болеста , без огрничувања и стигматизација . Овој т.н документарен театар има за цел да ги посочува проблемите во опшеството. Ние зборуваме за тој конкретен проблем, болеста рак , и, идејата беше токму тоа, луѓето кои што ја приживеале болеста , да можат да зборуваат за тоа јавно, со цел да ја кажат вистината за оваа болест, но и да ја потенцираат потребата од едукација и навремени превентивни мерки.  Идјеата беше да се бориме против депресијата , особено поради тоа што ракот е една подла болест, која постојано ги држи овие луѓе во една неизвесност. Смртта е постојано околу овие луѓе,  а тие храбро се борат да ја победат. И, токму тоа беше нашата идеја, да се бориме со уметноста против депресијата!

 

Радио Пела: За што станува збор во преставата ? Кои се овие жени?Каква е оваа престава?

Режисер: Тоа е театарска престава, во која што учествуваат и глумат жени, зборувајќи за болеста и за нивната битка со неа. Театарска претстава, која што се создаде по документарни текстови од самите жени,  членки на здружението за поддршка на жени болни од рак “Одраз“ од Битола, во кое членуваат над педесетина жени болни од рак. Со преставата покажуваме колку е важно да се грижиме за себе и превентивно да делуваме кога е во прашање оваа болест. Со ракот може да се живее, но многу е поважно да можеме да го спречиме. Ги покажуваме искуствата на овие жени , за да може остатокот од население да земе поука.

Радио Пела: Какви се реакциите кај публиката ? Каков сигнал и испрајќате на публиката кој ја  гледа преставата ?

Режисер: Публиката ја доживува преставата многу емоционално, емотивно . На моменти плаче , се смее, сочувствува со животните приказни на жените на сцената и оние кои се во филмуваниот дел.  Овој тип на театар, е доста емотивен бидјеќи директно ги соочува луѓето со проблемот. А, многу луѓе го доживеале овој проблем , ја имале оваа болест во смејството,  потесно или пошироко.  Ова е битка против стигмата. Затоа жените зборуваат во преставата, со надеж дека тие болни ќе бидат прифатени во нашето опшество . Нашето опшество, за жал, сеуште не е инклузивно, ги осудува луѓето. Токму ова е целта на преставата, да им даде сила на луѓето кои се борат со оваа болест, да ја поттикне публиката на посериозно размилсување за и околу оваа болест и луѓето кои ја имаат или се борат со неа.

 

Радио Пела : Каде се имате настапено и кои моменти од преставата како режисер ви се најдраги?

Режисер: Досега сме играле седум  пати во „Интимен“ театар – Битола, каде што ја направивме и ја продуциравме преставата . Сме ја одиграле во Гевгелија и ова е второ гостување, во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Се надевам дека ќе имаме и друг гостувања низ Македонија, се со цел, повеќе жени од државава да ја видат перставата, повеќе жени да се запознаат со ракот како болест, кому секому може да му се случи. Најдраг ми е моментот кога публиката ќе се сооедини со проблемот кои овие жени го пренесуваат од се срце, со голема љубов и посветеност во изведбата.

Инаку , Во претставата „Жени“ учествуваат НЕВЕНА СТЕРЈЕВСКА, КАТЕРИНА ПЕТРОВСКА и ТРЕНДАФИЛКА КИКЛЕВСКА кои ја споделуваат својата борба со ракот на дојка, и ракот на матка,ТРАЈАНКА ЈОШЕВСКА кој почина пред неколку години, како и ЗОРИЦА ЦИБАЛЕВСКА, чија мајка ЛЕТКА АНДРЕЕВСКА, починала пред две години во борбата против рак на дојка и е вушнсот жената кој ја поттикнала режисерката да ја создаде театарската престава „Жени“ и  една од првите членови во групата за поддршка како и голем поборник за создавање на уметност како начин за борба против депресијата кај болните од рак .

Театарскта престава „Жени“ беше изведена во театарот „Војдан Чернодрински“ по повод Светскиот ден на борба против ракот, 4-ти февруари ,  во организација на Форумот на жени на ОО на СДСМ Прилеп, на кои присустуваше и Министерот за здравство, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Вљубениците на природата во акција за обновување на планинарскиот дом “Томе Темелкоски” на Селечка

Пела Редакција

(Видео) Собираат средства за бебето Марија – мали херои од наше маало,пример за возрасните

Елизабета Филипоска

Ќе има ли избори на 5-ти или на 8-ми јули?Утре почнува изборната кампања или не?!…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе