0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Тутунарите незадоволни, инспекторатот смирува – секој грам ќе се откупи!

Државниот инпекторат ги зголемил контролите на терен оваа откупна кампања. Само од почетокот на годинава биле направени 364 контроли на терен. Директорот на Државниот земјоделски инспекторат Зоран Шапуриќ денеска на увид во состојбата посочи дека не се регистрирани поголеми отстапки на откупувачите од договореното со кооперантите.

– До денеска 96 отсто е преземено и договорениот тутун до грам ќе биде откупен. Ќе вложиме големи напори да се откупии и над договореното. Исплатата на тутунот се одвива одлично, во просек од 3 дена по предавање на производството, така што 98 отсто од продаденото е исплатено, потенцираше Шапуриќ при контролата на 4 пункта во Прилеп и Дебреште.

Но, на терен состојбата е поинаква: тутунарите од долненско се жалат на проценката, велат се цени за една до две класи пониско, а откупувачите се незаинтересирани и покрај одличниот квалитет на производството. Стравуваат дека ќе остане неоткупен тутун. Не ни го откупуваат најквалитетниот тутун, велат земјоделците, кои пак признаваат дека има тутун кој е повеќе од договорените количества со откупните компании.

– Тутун има сигурно уште 300 тона во Дебреште, некој од нив со договор, некој има што им се потполнети договорите. Имаше повеќе тутун, квалитет има, но ние сме ограничени. Моментално никој не е задоволен од проценката, зашто производството оди класа подолу. Нема кец и работата е завршена. Лани тутунот не вредеше ич, годинава е квалитетен, а цената е иста, рече Џеладин Ајдароски од Дебреште.
Линијата на проценка е снижена за најмалку една класа велат земјоделците.
– Првата класа што беше сега е двојка, а двојката ја даваат како тројка. Тутунот е со договори и не им го земаат“, вели Риза Исмаилоски, од Дебреште.

Прашањето до крајот на откупот е: што со вишокот тутун, односно производството кое е над договореното со компаниите. До крајот на откупот остануваат уште неполни три седмици, но никој нема податок уште колку има непредадено производство. Се шпекулира дека станува збор за околу 1 милион кгр, од кои, само во Дебреште има најмалку 300 тони.

Би можело да ве интересира

Започна спроведувањето на мерката „гарантирана цена“ за спречување на сиромаштијата

Пела Редакција

Собирајте ги сметките ,почнува повратокот на ДДВ. Како да остварите поврат??!

Елизабета Филипоска

ФАО: Глобалната трговија со храна мора да продолжи!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе