11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Споменикот на Крали Марко осамна со кукасти крстови

Кој ли тоа му се нафрлил на спомениците?! Минатиот пат(ноември 2017) беше оштетен споменикот на Александар Македонски ,чии копје долго време стоеше скршено. А, токму тој споменик,(подарок од бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски), е едно интересно обележје на градот и  место за многу фото сесии при туристички – викенд посета на Прилеп

Во текот на изминатата ноќ,повторно прилепско „чудо„!Сега на ред за сквернавење дојде друго спомен обележје, споменикот на Крале Марко .Извештајот  на надлежните вели  дека непознати сторители испишале кукасти крстови на споменикот на Крал Марко во центарот на Прилеп. Инспекциските служби при Општина Прилеп го регистрираа овој вандалски чин.Случајот е пријавен и во Полициската станица од општа надлежност – Прилеп и се очекува надлежните служби да ги откријат сторителите.

Во текот на денот споменикот беше исчистен. Но,останува мислата, што народ ќе бевме?!Се што се создава (други, понатаму, ќе ни судат дали било добро или не) да се уништи, да се оштети, да се исмее, нападни ,наместо да се зачува, почитува, негува, гради, надоградува, уредува, одржува за идни поколенија, за идни наши генреации ….Можно ли е се да биде во насока на  деструктивност, неодговорност, непочитувачко однесување кон она што не опкружува и што е на јавен простор. Можеби одговор на ова прашање треба да дадат експртите: социолзи, педагози ,психолози кога станува збор за човечкото однесување и воспитување,денес?! Но, факт е дека треба многу за цивилизирано и одговорно однесување во една опшествена заедница. Многу вода треба да потече низ нашата градска река… Платон  рекол:„На големите луѓе не им требаат закони да им кажат да се однесуваат одговорно, додека остантите секогаш наоѓаат начини да ги заобиколат законите на однесување“

Инаку, за овој вандалски чин се јави и Општина Прилеп која го осуди ваквото вандалско однесување на поедници и групи и упати апел до граѓаните на Прилеп да ги чуваат спомениците и споменичните обележја во градот, а секој обид за нивно сквернавење да го пријават во Полициската станица.

Би можело да ве интересира

Донација од 180.000 денари за Центарот за деца со церебрална парализа од турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2017“

Гордана Цветаноска

Ќе се реконструира полетиштето за параглајдерство на Мечкин Камен

Елизабета Филипоска

Инспекцијата на терен, а резултатот непознат за „белата вода“ во Прилепското езеро

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе