2.1 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Седум децении од прилепскиот театарски магнет – Војдан Чернодрински

Еден од симболите на Прилеп, Театарот „Војдан Чернодрински“, на 18 февруари годинава одбележува 70 години од формирањето. Оваа реномирана театарска куќа, низ овие седум децении се развивала и растела акцентирајќи го домашното драмско творештво.
Колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса, за денес да биде ансамбл со врвно реноме со 18 актери, кој реди успеси не само во Македонија, туку и во странство…


Годишнината ќе се одбележува од 17 до 23 февруари, со манифестацијата насловена „Недела на театарот“ во која ќе бидат прикажани премиерата на „Лажговци“, во режија на Коле Ангеловски, пет претстави и проектот „Глумците пеат“.
– По повод 70 Години Театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп актерите, заедно со бендот The Hounds – го создадоа музичкиот перформанс “Move The Beat”, кој премиерно ќе биде изведен на 18.02.2020год. , во 19:30ч. Ова е прв проект од ваков тип .
Интересно е што за концертот, картите беа распродадени за само 5 часа.
Ова е програмата за славеничката недела на прилепскиот театар:

Инаку, завесата на Театарот „Војдан Чернодрински“ првпат се кренала на 18 февруари 1950 година, со изведбата на претставата „Кир Јања“ од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Првите актери кои стапнале на сцената биле Рампо Ачески, Борка Димкароски, Благоја Кепески, Борка Солески, Блага Алампиоска, Блага Батаклиева, Рада Смилеска, Маре Русеска, Владо Спиркоски, Аце Михајлоски, Нада Галеска, Цане Настоски, Димче Шилоски…
Во 70 години, Театарот „Војдан Чернодрински“ кој сега е дел од НУЦК „Марко Цепенков“, прикажал околу 350 премиери и околу 7000 претстави кои ги гледале над 1,5 милиони луѓе.
Најгледани и наjиграни претстави низ годините се „Од кол на кол 1“ во режија на Коле Ангеловски и „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, исто така во режија на Коле Ангеловски.
Во досегашното постоење, претстава која со најголем успех го освои вниманието не само на македонската, туку и на балканската публика е „Тапани во ноќта“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која се крена до димензии на бренд на македонскиот театар.

НАГРАДИ ЗА ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ НА МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“
1. 2018 година
НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ЗА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА
„КЛЕТНИЦИ“ според романот на Виктор Иго, режија Мартин Кочовски
2. 2017 година
НАГРАДА ЗА КОЛЕКТИВНА ИГРА ВО ПРЕТСТАВАТА
„ЉУБОВНИ ПОЗИ НА ИСТОРИЈАТА“ , режија Наташа Поплавска
3. 2015 година
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА КОЛЕКТИВНА ИГРА И ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА КЛАСИКАТА за претставата
„СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ“, режија Нела Витошевиќ
4. 2013 година
НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА
„ЗМЕЈОВАТА НЕВЕСТА“ од Молеров, режија Нела Витошевиќ
5. 2010 година
НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА
„КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски
Награда за сценски движења за „Кавкаскиот круг со креда“
6. 2009 година
НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА
„ТАПАНИ ВО НОЌТА“ од Брехт, режија Мартин Кочовски
7. 1998 година
НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА
„ПОЛКОВНИКОТ ПТИЦА“ од Х. Бојчев, режија Владо Цветановски
8. 1972 година
НАГРАДА ЗА УМЕНТИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА
„ЦЕНА“ ОД Милер, режија Ацо Алексов
9. 1970 година
НАГРАДА ЗА УМЕНТИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА
„ОД ГЛААТА СИ ПАТИМЕ“ режија Ацо Алексов

Би можело да ве интересира

Ревија на европскиот филм во кино „Мис Стон“ во Прилеп

Гордана Цветаноска

Промовирана книгата „Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г. г. Ангелариј“

Гордана Цветаноска

Генерациска средба која долго ќе се памети

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе