1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Практична настава по германски модел

Делегацијата на германското стопанство во Република Македонија потпиша  Меморандум за соработка со  СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп, како стручно училиште кое создава кадри за потребите на производствените компании.  Проектот, всушност, вклучува практична настава за 20-тина ученици од електро – техничката и машинската струка, во компаниите GENTHERM, WIK и ПИ„Витаминка“.

Учениците во овие компании ќе бидат обучувани од ментори во компаниите, кои ќе бидат сертифицирани за обука на ученици.

Компанијата ќе бидат обврзана да им обезбеди, превоз, топол оброк и финансиска надокнада на учениците – практиканти, но и сертификат за стекнато знаења и вештини , „кои, покрај дипломата од средно образование, ќе им послужи,  не да се врботуваат во Германија, туку како предност, за вработување со останати кандидати на домашниот пазарот на трудот, кај домашнаите компании „ -вели директорот на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп, Билјана Трајкоска

Со моделот на германскиот систем на дуално образовани, учениците во текот на нивното школување , покрај стекнување на теоретско знаење по стручните предмети, ќе се стекнат и со практична обука во компанијата, и по завршувањето на средното образовани ќе бидат подготвени да се вклучат на пазарот на трудот или во самите компании каде ја стекнале обуката. Бројот на ученици, кои ќе обавуваат практична настава, зависеше од можностите  на компаниите, и засега е  ограничен на 20-сет ученици , по десет од двете струка, а бројот на часови по практична настава е поголем во III и IV година  –  истакна директорката, Трајкоска.

   

Проектот за дуално образование е на Делегацијата на германското стопанство во Република Македонија, во корелација и поддршка од МОН, ЦСОО и БРО, а СОУ „Ристе Ристески Ричко“ од Прилеп е само едно од петте средни стручни училишта во државата,  вклучено во проектот.

Би можело да ве интересира

Како и зошто треба да се селектира отпадот?! – Едукативен час за најмладите организира ЈКП “Комуналец“

Елизабета Филипоска

Доделени 19 дипломи и вредносни ваучери на првенците на генерацијата прилепски основци и средношколци

Гордана Цветаноска

Пијано маратон на учениците од ОМУ „Ордан Михајлоски Оцка“ Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе