17.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Даниел Рикалоски го фати светиот крст на централното одбележување на Водици во црквата Света Пречиста во Кривогаштани

Централната манифестација по повод Богојавление – Водици во Општина Кривогаштани претпладнево се одржа во црквата Света Пречиста во Кривогаштани. На фрлањето на Светиот крст му претходеше богослужба, света литургија која започна во 6 часот и 30 минути, а традиционалниот ритуал со положување на светиот крст се одржа во 9 часот . На положувањето на светиот крст во базенот во дворот на Црквата Света Пречиста во Кривогаштани – учество зедоа 6 момчиња од кои најсреќен беше Даниел Рикалоски.
– Се фрлам по петти пат, а ова ми е втор пат како имав среќа да го фатам светиот крст. Oвој ден за мене е голем ден. Се фрлам по петти пат за здравје и среќа.

Бог се јави – навистина се јави, рече Даниел Рикалоски.

Годинешен домаќин на чествувањето по повод Водици во Општина Кривогаштани беше Јавното комунално претпријатие Пелагонија од каде на Даниел Рикалоски и на сите учесници во манифестацијата им беа врачени пригодни награди.
Традиционално, положувањето на светиот крст за Водици се одбележува во сите населени места во општината.

Би можело да ве интересира

Микросам на саемот JEC World 2019 го претстави првиот Мулти-Роботски систем за современи композити

Гордана Цветаноска

Штрајкуваат вработените во прилепските градинки, згрижени 70 деца

На Плетварското езерце и оваа година ќе се полага Светиот крст за Водици

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе