19.3 C
Прилеп
сабота, 27 јуни, 2026
Пела Радио

Целонеделна програма за 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор!

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор, Општина Прилеп реализира низа спортски настани и активности со цел достоинствено одбележување на 83 години од Народното востание на 11 ти октомври 1941 та година. Централната манифестација е традиционално во предвечерието, на 10 ти октомври кога вечерта на камената бина на плоштад Александија ќе настапи КУД „Пере Тошев“, планирано е обраќање на градоначалникот Борче Јовчески, традиционалниот импровизиран напад на Участакот, огномет и настап на музичката група „No cigarettes“.

На 11 ти октомври положување венци и свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски Питу и на Могилата на непобедените. Истиот ден, ќе се одржи крводарителска акција во просториите на Црвен крст Прилеп, а од 10 до 15 часот ќе се реализира традиционалното шоу на стари автомобили „Tuning car show“.

Од 9 ти до 12 ти октомври ќе се одржува „Фестивал на медот“ на плоштадот Методија Андонов Ченто, а на 12 ти октомври (сабота) ќе се одржи саем на земјоделски производи во организација на ЛАГ Агро Лидер.

Програмата содржи спортски манифестации Меѓународен турнир во џудо „Прилеп град херој 2024“; Концерти: на 8 ми октомври концерт на Ансамбл Македонија во НУЦК Марко Цепенков, , а на 9 ти октомври хуманитарен концерт „Сплотени за Никодим“ на стадионот на Могилата на непобедените.

Би можело да ве интересира

Заврши зимата – календарски започна пролетта

Пела Редакција

Прилеп одбележа 154 години од раѓањето на идеологот Гоце Делчев

Пела Редакција

Прекини во снабдување со струја во повеќе населени места долненско и во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе