12 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Заев од Прилеп посака позитивна изборна кампања

Граѓаните заслужуваат да се води позитивна кампања со натпревар на економски проекти и идеи, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев при попладневната посета на Регионалната стопанска комора во Прилеп.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ за наводна „црна“ кампања во медиумите и непочитување на принципите на Пржинската влада – тоја нагласи.

  • Црна кампања не може да има зашто нема кампања во електронските медиуми и е забранета. Веројатно на социјалните мрежи. Сите се на социјалните мрежи и не верувам дека некој може да стави контрола за каков бил коментар, постирање фотографија или видео. Сакам мојата земја да има позитивна кампања. Да има натпревар на економски проекти, идеи, на нешто што ќе значи благодет за граѓаните. Очекувам да се води таква кампања, а тоа го заслужуваат граѓаните да го добијат – позитивна кампања. Тоа треба да го испорачаат политичарите и политичките партии преку кандидатските листи и програмите, изјави Заев во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Заев: Во следниот мандат обезбедуваме уште повеќе пари кај граѓаните за уште подобар економски стандард

Проданоски: Додека народот гладува и тоне во сиромаштија, премиерот Ковачевски си прави екскурзии

Пела Редакција

Ташкоска: Го подобруваме водоснабдувањето на Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе