30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

СДСМ избира претседател – Венко Филипче единствен кандидат

На редовните директни внатрепартиски избори СДСМ денеска го избира Венко Филипче како единствен кандидат за лидер на партијата . Околу 24 илјади членови гласаат на 78 избирачки места низ државата. Гласањето се одвива од утрово, а избирачките кутии ќе бидат затворени во 20 часот.

Филипче беше единствено име на гласачкото ливче. На претходните избори Венко Филипче имаше тројца противкандидати, Деспотовски, Петровска и Бајдевски кои во предизборниот период обвинуваа за нерегуланости и нефер изборна трка, поради кои Петровска два дена пред изборите се повлече. Но,  и покрај ова Филипче тогаш победи со освоени над 50% од запишаните членови за гласање.

Филипче за лидер беше избран во јуни минатата година на вонредните избори кои СДСМ ги организираше по оставката на Ковачевски поради историски лоши резултат на парламентарните и претседателските избори. По денешните избори Филипче ќе има мандат од 4 години.

Првично закажаните партиски избори на 16 март, беа одложени поради трагедијата во Кочани.

Би можело да ве интересира

Сугарески се повлекува од партиските функции

Политичките партии во среда ќе ја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Пела Редакција

(Видео)Започнаа општинските партиски истакнувања

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе