2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Чесниот крст во рацете на Благојче Цветкоски во Славеј

Богојавленскиот водосвет – положувањето на светиот крст во селото Славеј се изведе на пладне во базенот на семејната куќа на домаќинот – семејството Иваноски од компанијата„Изофаст“.
– Нам ни е огромна чест што ја имаме таа прилика што како компанија Изофаст сме домаќини за големиот христијански празник Водици рече филип Иваноски, кој упати честитки за добро здравје и благосостојба.

На чинот на положувањето на светиот крст учествуваа 5 момчиња, а најуспешен беше Благојче Цветкоски од Славеј.

– Навистина сум среќен и се надевам дека светиот крст ќе донесе здравје и успеси понатаму, рече Благојче Цветкоски кој учествува на овој традиционален настан по втор пат.

По чинот на Богојавленскиот водосвет- фрлањето на крстот, за сите гости и добронамерници беше обезбеден ручек во трпезаријата на селската црква во Славеј.

Би можело да ве интересира

ЕКС ПРАТЕНИЧКАТА КЕТИ СМИЛЕСКА НОВ В.Д ДИРЕКТОР НА БОЛНИЦАТА ВО ПРИЛЕП

Елизабета Филипоска

Поголем дел од листите за пратеници потврдени од ДИК

Пела Редакција

Како да се користи соларната енергија во македонското земјоделство ?!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе