5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Kрстот во Прилеп во рацете на Александар Вељaноски !

Александар Вељаноски ( 22 години) беше најбрзиот , од 99-ти пријавени верници на денешиот ден Богојавленије ,во Прилеп , кои пливаа во базенот во аква паркот Салида за да го фатат Светиот крст, кој во водите на базенот го фрли Митрополитот г. Петар . На Александар ова му е трет пат како го фаќа крстот .Радосен тој изјави

„Осум пати скокам по Светиот крст, ова е трет пат како го фаќам. Чувството е прекрасно му посакувам на сиите учесници да го фатат. На сите им посакувам многу здравје, љубов, среќа и бериќет. За многу години нека е празникот и за само за убаво да се гледаме“,

Водата е видлив знак на допирањето на божјаа волја со природата рече Митрополитот Преспанско-Пелагониски Г. Петар нагласувајќи дека  големото присуство на народот  е показател за големата вера на православните во нашата Македонска Православна црква.

„Оваа година имаме огромно присуство на луѓе на овој голем и спасоносен ден, Богојавление на кој нашиот Спасител, Господ Исус Христос дошол од Галилеја на реката Јордан да се крсти од Јован, да ги освети Јорданските води, а денеска се осветуваат и сите води. Големото присуство тука е показател за верата на православните во нашата Македонска Православна црква, но и на благословот божји. По примерот на Исус Христос кој немал потреба од крштение туку заради нас и нашето спасение се крсти за да ги земе сите гревови од светот на себе, а откако ги освети водите и нас не осветува преку светата тајна крштение, па ете и ние да го следиме примерот на Св. Јован Крстител кој му се обратил на народот да се покае, па и ние да се покаеме за нашите гревови“, истакна Митрополитот Преспанско-Пелагониски Г. Петар

На настанот присуствуаше и градоначлникот на Прилеп Илија Јованоски,к оја му го честитаа  фаќањето на крстот на Александар Вељаноски поакувајќи му среќа и радост

При оваа прилика Александар доби пригодна награда  од аптеки Зегин и од МПЦ

На фрлањето на крстот му предходеше света богослужба во црквите во Прилеп. Во централната црква СВ.Благовештение со свечената литургија во раните утринкси часви чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-Пелагониски Г. Петар,а во 6,30 м се освети водата во кругот на црквата .Традиционално на овој ден во Прилеп се пуштаат гулаби, кој го симболизира духот кој слетал на рамото на Христот, кога тој се крштавал во Јорданските води од Јован Крсител .Со тоа се смета дека и воздухот се осветува со летањето на духот.

 

Би можело да ве интересира

Позитивни резултати од формирање на Првиот Центарот за рехабилитација на жртвите од тортура

Елизабета Филипоска

Митко Иваноски домаќин за Водици во с.Славеј

Гордана Цветаноска

Две втори места за учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ од Мало Коњари

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе