2.5 C
Прилеп
среда, 22 јануари, 2025
Пела Радио

Снег во Пелагонија, на Плетвар сообраќајот се одвива нормално

Пелагонија доцна попладнево е зафатена од снежни врнежи. Снегот кој што паѓа со умерен интензитет, според најавите од УХМР, вечерва ќе биде проследен и со засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува брзина над 70 км/час.

На Плетвар нема застој

Екипите се на терен и подготвени да реагираат доколку има потреба. Засега, од дежурната служба на ЈП Македонија пат подружница Прилеп  за Радио Пела, велат дека снегот не предизвикува застој во одвивањето на сообраќајот, кој што, се одвива нормално. Коловозот е попосечен, така што снегот се топи и нема никаков застој, велат од прилепската подружница на Македонија пат. 

Објавен е метеоаларм од портокалова фаза како опасност од ветер во полошкиот, вардарскиот и регионот на Пелагонија, се вели во соопштението од УХМР. Во останатите делови од Македонија предупредувањето е од жолта фаза. На планините се очекуваат снежни наноси.

Од АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известуваат дека :
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ за тешки товарни возила има само на патниот правец од раскрсница Маврово кон Дебар и обратно воведена поради врнежи од снег. Исто така од 15:50 часот забрана важи и на патниот правец Гостивар-Стража.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Снег со слаб интензитет паѓа во Ресен и на планинскиот премин Стража.

Би можело да ве интересира

Ќе има ли помош за туристичко-угостителскиот сектор?

Гордана Цветаноска

Пораз во Кочани за Победа – пет гола на стадионот Мантов (ФОТО)

Никола Димески

КОВИД 19 влијаеше и врз судството

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе