Централниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги утврди кандидатите и носителите на листите за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април.
Во 4-тата изборна единица, каде се припаѓаат прилепчани и дел од жителите на Кривогаштани, довербата ќе ја побара потпретседателот Александар Николоски како носител на кандидатската листа за пратници во ИЕ 4, а веднаш по него, на второто место е актуелната пратеничка, Ане Лашкоска. На шестата позиција, е претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, а претседателката на Унијата на жени од Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, се наоѓа на четиринаесеттата позиција.На судумнасетата позиција Катерина Мојсоска ,Кривогаштани,а број дваесет Александра Цвеќароска, од Унијата на млади сили при ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп
Во петтата ИЕ , каде гласаат жителите на Крушево и Долнени, носител на листата е познатиот уметник, оперскиот пејач Игор Дурловски, додека на второ место е Антонијо Милошоски. Билјана Пројеска од Крушево е на 13 позиција.
Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата официјално најавија дека листите со кандидати на пратениците за изборите ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи , утре, среда на 11 март. Тие одат со слоганот: Обнова!Промени !Правда!
Инаку, според роковите, до 12 март партиите треба да ги поднесат кандидатските листи до Државната изборна комисија.
СДСМ вчера ги објави носителите на листите и кандидатите за пратеници. Владејчката партија го објави и слоганот со кој ќе настапува на изборите: Можеме! Уште повеќе. Уште подобро!