10 C
Прилеп
недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

КУЗМАНОСКА: Човекот кој дрско се однесува кон жените, денес маршира за правата на жените

По повод традиционалниот осмомартовски марш во Прилеп и присуството на Димитар Ковачевски, ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп одржа прес конференција:

„Човекот, кој пред само некој ден, со крајно дрско и безобразно однесување кон пратеничка од редот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе маршира за правата на жените? За каква солидарност, за какво изедначување на жените и мажите ќе зборува Ковачевски, кога лично тој самиот, преку пример, покажа едно крајно непочитување на жената?!
Во време кога државата се распаѓа на сите страни, во сите области без исклучок, Димитар Ковачевски си организира некакви партиски настани, со автобуси од други градови. Кој ли ќе ги плати ваквите политичките екскурзии, или сето тоа ќе оди на грбот на и онака осиромашениот народ? Осиромашениот народ кој благодарение на неспособноста на владата беше оставен без леб! Осиромашениот народ кој благодарение на СДСМ, е оставен веќе подолг период со највисока инфлација во регионот, со најскапи основни продукти за живот, со прескапо платена електрична енергија, додека цветаат бизнисите со струја, на лица блиски од власта?! Дали Ковачевски можеби ќе побара одговорност од директорката на прилепската болница за хаосот и безредието кои владеат во болницата, ќе се заинтересира за прерано згаснатите животи на пациенти, за интрахоспиталните инфекции за кои експертите излегоа со став дека се недозволиви во 21 век?! Или овие прашање не се во неговата агенда, затоа што ќе го рушат неговиот и онака низок рејтинг?
Како за крај, дали Ковачевски пред присутните ќе собере храброст да каже збор два за историјата и за Участакот пред кој ќе говори, за бугарската полиција и фашистичката окупација во Македонија? Или ќе премолчи за сите битни работи, како и досега, за да не го искараат од соседството?
Почитувани, крајот на владата предводена од СДСМ и Ковачески е неминовен. Само така Републка Македонија ќе може да продолжи по патот на успехот, со вистински реформи и еднаква грижа за сите граѓани, ” рече Билјана Кузманоска, претседател на Унија на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (58)

Пела Редакција

Сабота, 10 ти октомври, 20 новозаболени во општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Од КОВИД 19 почина советничка на Советот на Општина Крушево

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе