2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Започнуваат градежните активности од проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“

Локална самоуправа Прилеп денеска ги потпиша договорите со изведувачот и надзорот на проектот вреден 850 000 евра со средства од ЕУ и на локалната самоуправа. Проектот ќе биде администриран од Светска банка.
Рокот за изведување на градежните работи е 6 месеци, а со него ќе се подобри и унапреди областа околу езерото и ќе се придонесе за промоција на оваа атрактивна локација, популарно излетничко место за прилепчани.

„Во проектот е планирано да се изведат 5 поединечни потпроекти: изведба на целосно осветлена велосипедска патека од потегот ‘Маркова чешма’ до с.Присад во должина од 7,3 километри и ширина од 3 метри, со простор за паркинг на велосипеди,уредување на пристапна улица со паркинг простор од некогашниот мотел на вештачкото езеро. Оттаму продолжува рекреативно-излетничката зона, како дел од проектот за уредување на мултимедијален простор за изведување на културни и забавни манифестации, концерти и место за дружење на посетителите, со 3 тераси, 6 летниковци и урбана опрема. Исто така, планирано е да се изградат две асфалтни спортски игралишта за кошарка, пинг-понг и за одбојка, пешачка патека во должина од 750 метри, а ќе бидат поставени и клупи и канделабри. Имплементацијата на проектот има за цел да ја зголеми пристапноста на ова подрачје како зона за активен туризам и да го врати некогашниот сјај на езерото“, вели Борче Јанкулоски, проект менаџер.

Изведувач на работите на проектот е компанијата „Ленди груп ДООЕЛ“ од Скопје, а надзорот на работите ќе ги врши „Диви Македонија ДОО“, исто така од Скопје.

Би можело да ве интересира

Почит кон минатото за подобра иднина – 11 Октомври Прилеп

Пела Редакција

Лоша епидемиолошка слика во Прилеп – 24 новозаболени

Елизабета Филипоска

Завршија трите фестивалски пивофест денови – и повторно за многумина се исполнија очекувањата (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе