8 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

БЕСПЛАТЕН РЕКЛАМЕН ПРОСТОР за фирмите кои помагаат во ова кризно време

Во деновиве полни со неубави вести, можеби ќе ве орасположиме со една позитивна -ПОДДРШКА НА ФИРМИТЕ и БИЗНИСОТ.

Новонастаната ситуација со коронавирусот освен закана за здравјето, претставува и сериозен ПРОБЛЕМ на економијата.

Радио Пела, како општествено одговорен медиум, во намалувањето на паниката и зголемување на солидарноста меѓу граѓаните , се разбира, во рамки на своите можности , нуди БЕСПЛАТНО РЕКЛАМИРЊЕ.

Во таа насока, во наредниот период, на нашиот веб-портал и на нашата Радио Станица , Радо Пела 96,8 ФМ , ќе им овозможиме БЕСПЛАТНО рекламирање на сите фирми и занаетичии кои нудат  БЕСПЛАТНИ услуги или продукти  НА граѓаните, како достава на прехранбени продукти или пијалоци, шиење на заштитни маски, обезбедување на помош на стари и изнемоштени лица, дезинфекција и сл …

Доколку сте заинтересирани за нашата понуда, Ве молиме слободно да не контактирате на маил , [email protected] или на телефорните дадени во Импресум на нашиот портал.

Запомнете! Во овие неизвесни моменти, најважно е да се придржуваме до сите правила и препораки од Владата, и да бидеме солидарни. ☝️

Би можело да ве интересира

(Фото) Колони возила, шумски пожар на патниот правец Прилеп- Росоман

Гордана Цветаноска

Пописот одложен за септември

Елизабета Филипоска

Нема резервни делови за механизација, нема плата, а прашање на денови е до ќе има струја ?!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе