0.5 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

Се подготвуваат првите бесплатни заштитни визири,прилепчани вклучени во екипата

Компаниите да помогнат во изготвувањето на заштитните визири повикуваат од екипата која започна со 3 Д принтање на првите количини заштитни визири.
Бесплатните визири ќе бидат достапни за сите што им се потребни, на здравствените работници и во подготовката се вклучени и прилепчани. Имаат потреба од финансиска помош за набавка на репроматеријали.

„Веќе се принтаат првите заштитни визири во максимален капацитет и напор на сите пријавени доброволци,
првите резултати се одлични, благодарност до сите што се вклучија во и инцијативава!
Визирите се бесплатни и ќе добијат сите што имаат потреба!
Aleksandar Karevski ќе ја централизира секоја направена количина па потоа по соодветна потреба, изложеност и итност, ќе се дистрибуира по клиники, болници, амбуланти за што транспарентно ќе објавиме, каде и колку парчиња се донирани, визирите се бесплатни!
Имаме потреба од финансиска помош, ќе објавуваме конкретни фактури за репроматеријал, кој милува нека помогне со директно плаќање на фактурите, додир со пари не сакаме да имаме воопшто!Ве молам споделете, се вели во фејсбук статусот на Ненад Лазаров, матичен лекар од Скопје.

https://www.facebook.com/Dr.Nenad/posts/10218203167409838

 

Дополнително, Ненад Лазаров, упати и јавен повик преку facebook:
ЈАВЕН ПОВИК
Со цел да ефектуираме што е можно побрзо и соодветно фер да дисперзираме визири – БЕСПЛАТНО, молам од секоја институција, ПЗУ или ЈЗУ која има потреба, да ни доставите писмено “требовање” барање, не мора да е официјален документ од институцијата, не ни треба печат, ни треба само една контакт особа со контакт информации и број на визири потребен, апсолутен минимум за почеток!
Така ќе имаме прецизен увид во потребите и план за работа.
Таквиот допис испраќајте го на [email protected], со назнака во Subject – ВИЗИРИ па име на институција
н. б свесно не го деранжираме министерот, ниту правиме било каков парасистем, ова и се што можеме сами, треба сами да направиме,така помагаме и на колеги а со тоа на пациенти!
https://www.facebook.com/Dr.Nenad/posts/10218203167409838

Лекарите се организираат самоиницијативно, во фејсбук група каде се бара поддршка за иницијативата:
„Поради очекуваниот и веќе постоечкиот дефицит на медицинска заштитна опрема со помош на компанија за 3д принт од Чешка дизајнирана е заштитна маска – визир која може да се изработи со 3д принтер и првите неколку тестови на истата се успешни. Но поради тоа што јас сум само еден човек со 3д принтер ни треба помош од повеќе луѓе и компании да го заштитиме медицинскиот персонал. За почеток ни требаат: 1. Луѓе или институции кои имаат 3д принтер на располагање кои можат да користат PETG и ABS или АСА материјали 2. Компании или луѓе кои имаат пристап до A4 провидни фолии кои се подебели од 0,4 мм 3. Компании кои можат да помогнат со филаменти за 3д принтање од горенаведените материјали 4. Волонтери доколку се соберат материјали да се склопат визирите и да се доставуваат до местата каде се потребни.

                                        ДОПОЛНУВАЊЕ на ИНОРМАЦИЈАТА

Денеска општината ги промовираше овие штитници за лице.

        Како до идеја?!

Прилепчанецот Зоран Дамчески кој неколку години работи со 3Д принтер, вели дека бил  инспириран од примерот на ентузијастите во Италија, кои преку изработка на вентил за респираторните машини му помогнале на медицинскиот персонал да спаси што повеќе животи во борбата со коронавирусот.

Под покровителство на Општина Прилеп, направивме 3Д пункт на социјалната мрежа Фејсбук, со цел во него да се приклучат сите оние  од градот кои поседуваат 3Д принтер и да ја помогнат оваа акција. Сето тоа во правец на што побрзо обезбедување на бесплатни штитници за лице за медицинскиот персонал, а потоа и за сите други работници кои се најизложени на заразни болести, како што е коронавирусот“, изјави Дамчески.

 

Дамчески потенцираше дека на инцијативата за изработка на штитниците која ја започнале тој и неговиот син, до сега се приклучиле и претставници од фирмите „Резонатор“ и „Графика Дизајн“, како и тоа дека се оградува од сите оние кои на социјалните мрежи, во негово име, бараат донации за изработка на 3Д штитниците за лице.

 

Би можело да ве интересира

УХМР најавува нестабилно време со пороен дожд

Гордана Цветаноска

За Пиво Фест, се подобрува соработката меѓу угостителите и полицијата

ЈКП ВиК Прилеп распиша тендер за набавка на модерна опрема

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе