10.1 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Николовска: Утре официјални информации за ново тестираните лица од Институтот за јавно здравје – Скопје

По потврдените први 2 случаи на заразени со коронавирус во Општина Прилеп, во Центарот за јавно здравје се подготвува подетална слика за тоа со колку лица контактирале двајцата сопружници изминатиов период. Според директорката на Центарот Драгица Николовска, се очекуваат официјални информации за ново тестираните лица од Институтот за јавно здравје – Скопје во текот на утрешниот ден. Бидејќи новинарските екипи не можат да присуствуваат на прес конференции, со допис до нашата редакција се обрати директорката Николоска во кој што се вели:

– Со оглед на новонастанатата ситуција, во моментов имаме официјално потврдени само две лица позитивни на тестот за корона, за сите ваши прашања кои ги добив денес ќе имате одговор во текот на утрешниот ден, кога ќе имаме официјални информации за ново тестираните лица од Институтот за јавно здравје – Скопје. Денеска се правеа епидемиолошки анкети на сите примарни контакти, и беа земени брисеви според алгоритмите на епидемиолозите, се вели во дописот од директорката на Центарот за јавно здравје Прилеп, Драгица Николовска.

Би можело да ве интересира

Нов топлотен бран и идната недела

Елизабета Филипоска

Тошески: до 17 ти месецов, самохраните родители да поднесат барање за финансиска поддршка од 4 тиот сет мерки (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Фестивалот на мед – Медофест во Прилеп на 7 ми, 8 ми и 9 ти октомври

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе