На влезовите од Прилеп во функција се ставени автоматски апарати за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Прилеп. Автоматските прскалки кои се поставени на сите 4 влезови во градот, користат специјално дезинфекционо средство и работат на принципот на активирање на сензор.
Во текот на денешниот ден, со цистерни на Територијалната противпожарна единица без дезинфицирани улиците во населбата Варош. Во акцијата беше вклучено и возило на ЈКП „Водовод и канализација“, кое вршеше дезинфекција на потесните улици во населбата, во кои поголемите возила и цистерни немаат пристап.
Денеска се дезинифицираа и улиците во населените места Големо и Мало Коњари, Кадино село, Галичани, Беровци и Алинци. Дезинфекцијата се вршеше со механизација на месното население, а дезинфекционите средства ги обезбеди општина Прилеп.
Градоначалникот Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб уште еднаш апелираат до граѓаните на општина Прилеп да останат дома, да го почитуваат полицискиот час, како и препораките на Владата и Министерството за здравство.