5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Прилепски водовод нема да ја ја зголеми цената на водата ,но ќе ги бара парите од должниците

Општина Прилеп, казнено поправниот дом во Прилеп (затворот), Еурокомпозит … се дел од институциите и фирми кои што, иако се финансирани со државни пари, не ги плаќале своите обврски за потрошена вода. Затворот за потрошена вода има  долг од околу 1,9 милиони денари, за неплатени сметки до 11/2017 година, загубарот „Еурокомпозит“ е со  неплатен долг од 1,6 милиони денари, а  Општина Прилеп им должи на ЈКП В и К неполн милион денари. Последната сума која што ја платила претходната локална власт е заклучно со јануари 2017 година,Оттогаш до 14.ноември минатата година  не е уплатен ниту еден денар за порошена вода .

“Вкупните побарувања од физички лица, заклучно со  14.11.2017. изнесуваат речиси 13,2 милиони денари. Веднаш по моето именување склучени се околу 300 договори за итна наплата на стари побарувања, а во исто време покренати се уште 700 тужби против граѓани-должници“, посочи Емил Јанески, директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од Прилеп, на прес конференција со новинарите.

„Поради фактот што јавното комунално претпријатие ‘Водовод и канализација’ (ЈКП ВиК) не покренало тужби против должниците во законски рок, предизвикана е штета од приближно 100 000 евра, суми кои што можеле да се инвестираат во најмала рака во нови инвестиции“,нагласи Јанески.

 

Новинарски прашања:

 парашања:  Дали заради неплатени две сметки за вода, ќе им ја исклучувате водата на граѓаните?

 Одговори : Согласно Законот за води, ние исто како дистрибуцијата на струја, имаме право да ги преземеме сите законски можности во рамките на позитивната регулатива за да го наплатиме побарувањето. На располагање ни стојат две можности: да тужиме или да исклучуваме. Каква мерка ќе преземеме ќе зависи од нас, односно од ситуацијата во дадениот момент. Дали имаме законска можност да исклучуваме – апсолутно имаме. Дали таа мерка ќе ја спроведеме или ќе тужиме, како што реков, ќе зависи од ситуацијата. Ако имаме друга можност да ги наплатиме побарувањата, нема да исклучуваме. Ако има граѓани кои не плаќаат, наша обврска е да најдеме начин истите да ги подмират обврските, затоа што ако продолжи трендот на неплаќање и ако јавното комунално претпријатие се доведи во лоша финансиска ситуација, ќе се доведе во прашање водоснабдувањето на цел град. Сите граѓани се важни, без никаква дискриминација. За мене сите граѓани се исти, без разлика на нивната партиска, етничка или друга припадност.

 Прашање: Дали ќе се зголеми цената на водата?

 Одговор: Цената на водата во 2018 година останува иста во однос на минатогодишната. Но, имајќи ги во вид препораките и решението од Регулаторната комисија која што не задолжува да ја зголемиме цената на водата на 29,7 денари за кубен метар, ЈКП „Водовод и Канализација“ најде правен начин,во рамките на опсегот од 12.62% да ја намали цената на водата на 26.22 денари. Ова секако во консултација со градоначаланикот Илија Јованоски,којшто во предизборието вети намалување на цената на водата. Овие нови калкулации потврдуваат дека Прилеп е општина која што на граѓаните ќе им сервисира здрава, исправна и чиста вода за пиење по пониска цена.

Прашање: Каква е моменталната ситуација со водоснабдувањето на градот?

 Одговор: Во моментов ситуацијата е стабилна. Издашноста на Студенчица е над 1.000 литри во секунда, од регионалниот водовод за Прилеп доаѓаат нешто повеќе од 200 литри вода во секунда. Очекувам дека и на пролет и за време на летото ќе имаме доволно количини на вода за подмирување на потребите на сите граѓани.

 

 

Би можело да ве интересира

СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп – избери стручност за успех!

Гордана Цветаноска

Четири државјанки од Непал, работнички во прилепска фирма пријавени за исчезнати

Пела Редакција

Две фирми купиле седум парцели градежно земјиште на скијачките терени Станич во Крушево

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе