0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп: Во тек е локално проширување на вирусот!

Денеска се регистрирани нови 8 позитивни случаи, од брисеви испратени преку Центарот за јавно здравје Прилеп, институција која покрива територија за повеќе општини и тоа Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Македонски брод. Бројката се искачи на вкупно 46 лица, со што Прилеп е трет по бројот на заболени. Ова е период кога станува збор за локална трансмисија, раширување на корона вирусот помеѓу локалното население, од негрижа и непочитување на препораките, истакна Драгица Николоска, директор на Центарот за јавно здравје.

– Ако во почетокот стануваше збор за први, втори контакти, сега веќе е локална трансмисија. Ова покажува дека доволно не се почитуваат мерките кои, сметам дека и на ова ниво се доволно ригорозни. Ситуацијата не треба да се потценува. Во Прилеп досега се направени вкупно 250 тестови. Секој ден од матичните лекари се закажуваат од седум до десет тестови, по епидемиолошка индикација по седум до осум тестови и од инфективното одделение. Секојдневно до Институтот за јавно здравје се испраќаат од 15 до 25 тестови, рече Николоска.

Капацитетите на градската болница се адаптираат за евентуални нови позитивни на Ковид 19, велат надлежните здравствени власти. Инфективно одделение при Општата болница „Борка Талески“ Прилеп моментално хоспитализа петмина пациенти со корона вирусот. Во изолација и се чекаат резултати уште четири лица. Општинскиот кризен штаб каде е составен дел и болницата, донесе одлука за адаптација на одделението за физикална терапија за простор за сомнителните случаи со симтоми, а кои чекаат резултати од тестирањето. Покрај ова, на припомош ќе се вклучи и дополнителен медицински персонал.

-Моментално, на инфективното одделение во прилепската болница имаме петмина хоспитализирани пациенти со корона вирусот, од кои четворица се на средна возраст, а еден е повозрасен пациент. Исто така имаме и четири пациенти со температура и со респираторни проблеми кои се сместени во просторот за изолација и за кои се чекаат резултати од тестирањата. Со оглед на тоа дека оваа и наредната недела се очекува зголемен број пациенти кои ќе имаат потреба да бидат прегледани на Инфективното одделение, а тројцата специјалисти – инфектолози се доста истоштени, денеска на Кризниот штаб во болницата решивме да се вклучат петмина специјализанти и пет медицински сестри од другите одделенија да му помогнат на Инфективното одделение, под супервизија на инфектолозите. Одлуката ќе се спроведува од сабота. Го преадаптиравме одделот за Физикална терапија кој е веднаш до Инфективното одделение и кој моментално не работи. Таму ќе се сместуваат пациенти кои се сомнителни за корона вирусот. Таму се три соби, како и на Инфективното одделение каде се позитивните пациенти. Во една поголема просторија на одделот за Физикална терапија на растојание од 2 до 3 метри ќе бидат три кревети, разделени со параван. Очекуваме дека ќе се задоволат потребите за овој следен период. Многу е битно дека тие пациенти кои немаат регистрирано зараза, а само се сомнителни, ќе бидат оддвоени еден по еден за да не ризикуваме контакти, изјави Драган Богојески, директор на Општата болница „Борка Талески“.

Инфективното одделение во прилепската болница е пооптоварено отколку во битолската болница која е назначена како регионален центар.

Би можело да ве интересира

„Гласам, значи постојам“- Цивил во Прилеп, Битола и Могила

Елизабета Филипоска

Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година

Физичкото насилство стана секојдневие!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе