2.1 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Вработените од Жито Прилеп најавуваат престанок на работа

Претпладнево, во кругот на фабриката Жито Прилеп, вработените од компанијата одржаа средба со новинарите на која најавија престанок на работата, во знак на револт поради 2 неисплатени плати за месеците февруари и март. Како што велат тие, на сметките на работниците за последните 2 месеци, им била исплатена плата во висина од 100 денари, додека пак придонесите за здравство и пензиско осигурување во целост биле подмирени. Претставниците од револтираните работници велат дека денеска во 16 часот тие ќе се соберат во кругот на фабриката единствено со цел да го најават прекинот на работа.-Неколкупати баравме информација од сопственикот, кој е во Америка, да ни каже кога и дали ќе земеме плата, а немаме ниту за февруари, ниту за март. Се обративме писмено со потписи на сите вработени. Побаравме пред 10 дена со предупредување дека ако за три дена не ни исплати плата за февруари ние ќе прекинеме со работа. Бидејќи немаме никаков одговор веќе 10 дена, одлучивме, од денес, да не произведуваме леб и бели печива. Иако е неправда кон граѓаните во ваква вонредна ситуација, особено за велигденските празници, но моравме да го преземеме овој чекор. Особено што од синоќа добивме информација дека рекол, ако сакаме да работиме да продолжиме со работа, ако не, да си одиме дома. За плата нема ниту збор кажано. Инаку, придонесите за платата се поминати и преку банка ни се платени по 100 денари, изјави технологот Лазо Ристески.

И покрај големиот ризик во кој што работиме, со оглед на епидемијата, никој нема слух од раководството за нашите потреби, за нашиот опстанок, велат вработените.
-Приватните фирми и производители од други градови најверојатно за краток период не ќе можат да го надополнат потребите и најверојатно градот ќе остане без доволно леб. Последната недела работевме со многу убедувања на вработените, само градот да не биде без леб. Но повеќе не се издржува и не е фер и спрема нашите семејства, додава Ристески.

-Дома е тешко. Се наближува празникот, останавме без пари, не може да платиме сметки, 80 отсто од вработените се со кредити и нив им стигнаа забрани за плати. Ситуацијата е многу тешка. Во ваква ситуација, ние доаѓаме на работа, го ризикуваме здравјето, ама без пари. Наместо да бидеме наградени, ние сме казнети. Инаку, во фирмата е направена систематизација и сите вработени земаме по 14 500. Проблеми има и со К-15, со хранарината и патарината, вели Марјан Димоски, вработени во Жито Прилеп.

Дневно „Жито Прилеп“ просечно произведува по 10.000 парчиња леб, поради зголемени потреби за минатиот викенд, биле произведени околу 25.000 парчиња и илјадници парчиња бели печива, а за овој велигденски викенд требаше да се произведат околу 35.000 парчиња леб. Генералниот директор Николас Алан Атанасоски се наоѓа во САД и од него се очекува одговор за состојбата и за најавениот прекин во производството на леб.

Би можело да ве интересира

Три дена Прилеп во акција за чистење на дивите депонии

Не исполнети ветувања – Еурокомпозит на денот на трудот 1-ви Мај пред Влада

Елизабета Филипоска

Илија Јованоски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе