30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Крушево уникатно и празнично ќе ги дочека Бадник и Божик

Новогодишната ноќ крушевчани и посетителите ја прославија на градскиот плоштад со настапот на Викторија Лоба. Градот традиционално е мета на посетители и на 1-ви јануари кога треба одмор и свеж воздух, по најлудата ноќ, но и деновите поврзани со најголемите православни празници.

Македониумот беше отворен за посетителите, па гостите уживаа на јануарското сонце и прекрасната зимска идила иако нема снег. Поради градежните работи за изградба на спомен обележјето, не беше дозволен пристап за посета на гробот на Тоше Проески.

Но, крушевчани веќе се подготвуваат  за новиот бран од посетители.

Викендот што претстои, кој што е споен со претстојните големи празници, за Божиќ и Бадник Крушево очекува уште еден „наплив“ од туристи.

В недела, на 5-ти јануари во Крушево ќе се одржи традиционалната манифестација „Дева – во чест на Новото раѓање“ . Градот ќе биде опкружен со црвени ѕвезди и песна, празник и традиција карактеристични само за Крушево и Витлеем, Ерусалим. За љубителите на ракотворби и годинава е предвиден Божиќен базар во организација на „Крушевска жена“.
На Бадник во понеделник, уште една традиција карактеристична за Крушево – ќе се одржат две бадникови поворки во градот.Несомнено, градот исполнет со традиција, историја и природни убавини, градот на Тоше Проески и овие празници ќе биде магнет за туристите.

Би можело да ве интересира

Заврши агонијата – од четврток прилепчани ќе можат да полагаат практичен возачки испит т.н „градско возење“

Граѓански парламент – ново советодавно тело во Општина Прилеп

(Видео)Јовчески даде отчет за сработеното пред граѓаните на Прилеп: Го намаливме долгот од 5 милиони евра, вложивме 50 милиони денари во образованието… ,

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе