-2.7 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

МЗШВ донесе забрана за вршење на рекреативен риболов

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за рибарство и аквакултура во изминатиот период донесе повеќе решенија за забрана за риболов во риболовните води во држвава.

Според МЗШВ, забраната за вршење риболов во риболовните подрачја, риболовните зони, риболовните ревири и рекреативните зони за различните видови риби се носи заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд.

-Периодот на природниот мрест на рибите е утврден во Риболовните основи за секоја риболовна вода поединечно, а се носи врз основа на одобрените годишни планови за заштита и стопанисување со рибите за 2020 година и поединечните барања за одобрување на период за забрана на риболов доставени од концесионерите на рибите. Прегледот (рокот) на периодот на забрана за риболов за одделни видови риби и риболовни води е објавен на страната на Македонската риболовна федерација и може да го погледнете на следниот линк: www.mrf1952.mk , наведува Министерството.

Би можело да ве интересира

Крушево – град на културата за 2023 година

❤️За ВИКТОР ХУМАНИТАРЕН СОБИР СО АВТОМОБИЛИ🚗

Пела Редакција

197 санкционирани возачи викендот на подрачје на СВР Битола, 73 за брзо возење

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе