21.7 C
Прилеп
петок, 14 март, 2025
Пела Радио

Одбележувањето на 115 годишнината од загинувањето на Никола Карев под корона услови

Денеска се одбележаа 115 години од смртта Никола Карев,  првиот Претседател на првата Република на Балканот, Крушевската Реублика. Поради вонредната состојба со КОВИД 19  годинава  Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и директорката на ООУ „Никола Карев“  Оливера Чавкароска, положија цвеќе пред споменикот на Карев во Крушево и оддадоа почит на големиот македонски херој.

„Одбележуваме 115 години и овој ден заедно со животното дел на Карев нека бидат водилка во нашата работа за граѓаните на општина Крушево и за поубав живот во државата.“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Свежо цвеќе во  споменичкиот комплекс Македониумот“ , и пред бистата на Никола Карев во училишниот двор на основното училиште во Крушево,  кои го носи името на херојот,  положија и  преставници од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево.

Инаку,  општината  и ООУ „Никола Карев“, секоја година организираат приредба за одбележување на патрониот празник на основното училиште, но заради вонредната состојба и во насока на почитување на мерките и препораките за физичко дистанцирање, оваа година таква приредба не се одржа.

Би можело да ве интересира

Тутунарите одлучија – протест в среда

Гордана Цветаноска

Прилепчанка прскала со бензин во кафеана се заканувала дека ќе ја запали

Пела Редакција

Рокот за собирање потписи за кандидат за претседател и пратеници започна- објавени имињата на кандидатите за претседател

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе