Светскиот ден на слободата на медиумите, беше доследно одбележан од новинарската секција на СОУ „Наум Наумоски – Борче“, Крушево . И ,покрај тоа што учениците, физички не присуствуваат во училиштето, тие сепак, активно учествуваат во една од најитересните и најмасовните секции ,новинарската , прдводена од професор , Никола Јованоски. Денеска, на Светскиот ден на слободата на медиумите, тие изработија интересно видео и го опшишаа своето искуство во новинарската професија, како млади репортери. Учениците-новинари ги презентираа своите први впечатоци, први запознавања со оваа професија, но и ги истакнаа и своите едукации со кои се стекнуваа во текот на учеството во новинарската секција.Учат да ја бараат вистината и да ја пратктицираа оваа професија. Сотир Маркоски и Марија Николоска, кои се дел од ова видео се и водители во младинската емисија на радио Пела „Од млади за млади„, каде учат и за радио новинарството
Новинарството е доблесна, благородна професија, која постојано трага по вистината ! А, кажување на вистината е облик на пренесување на реланоста. Како младите новинари од Крушево го доживуваат новинарството, од следното видео:
https://www.facebook.com/radiopela/videos/681318579294200/