Во изменети услови без организација на традиционално бројни делегации во Прилеп, и власта и опозицијата им оддадоа почит на двајцата македонски идеолози и револуционери Гоце Делчев и Пере Тошев.Почит на својот патрон му оддадоа и претставници од ООУ “Гоце Делчев„ поклонувајќи му се и положувајќи цвеќе пред бистата која се наоѓа во кругот од училиштето. Кратки видео пораки за Гоце Делчев во стихови, подготвија и учениците од 4 г одделение по повод патрониот празник на своето училиште, а под менторство на наставничката Даниела Котеска . Видеото е со поддршка на продукциската куќа – FUN PRODUKCIJA ZORAN PILATA од Прилеп.
https://www.facebook.com/oougocedelcev.edu.mk/videos/459177178214704/
Во знак на почит и одбележување на 117 години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев и 108 години од смртта на Пере Тошев, градоначалникот Илија Јованоски заедно со претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски, положија цвеќе на нивните спомен обележја.
Пред спомен бистaтa на македонскиoт револуционер Гоце Делчев и гробот на Пере Тошев во дворот на црквата „Свето Благовештение“ се поклонија и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп Петар Ристески, како и претседателот на Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ Ирена Стерјоска и пратеникот Ана Лашкоска.