0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Јакимовска: „Вие, за мене, сте хероите на ова ново време!“ – Работниците од Комфи Ангел со аплауз искажаа благодарност

 

На месечната, заедничка средба на работниот колектив, почитувајќи ги здравствените правила за држење растојание и носење на маски,  работниците на Комфи Ангел најпрво со громогласен аплауз им се заблагодарија на сите медицински лици кои се грижат овие месеци за здравјето на луѓето и несебично го жртвуваат својот живот за зачувување на здравјето на целокупното население.

„Само едно прашање да си поставиме :„Дали тие работници се соодветно финансиски вреднувани, за нивната пожртвуваност, хуманост и ангажман во ова време на пандемија?„  Треба да бидат, за да можат и во иднина да го градат цврсто здравствениот систем во Македонија, кој што, засега, за среќа, добро се одржува. Затоа,со аплауз да им се заблагодариме на сите медицински работници“-  вака ја започна средбата со своите работници, менаџерот на Комфи Ангел, Ирена Јакимовска

 

          Вие, за мене, сте хероите на ова ново време!

Денес, ова е нормалниот начин на живење. Доколку побрзо се прилагодиме на новиот начин,  ќе бидеме посреќни –рече Јакимоска

Знаете ли како функционираме?! Како некој, да дошол да не едуцира за тоа како треба да работиме во вонредна состојба. Јас сум воодушевена и среќна што ве имаме ! Вие, за мене, сте хероите на ова ново време! Она што мене ме прави посебно достоинствена,  е фактот, што Вие сте моето најголемо достоинство. Вие сте на листата на моето најпозитивно изненадување во овој временски период“ – потенцира Јакимовска и со аплауз ги поздрави своите работници.

Таа искажа надеж дека колективот ќе продолжи да работи во ист дух како и досега, бидејќи работниците покажале високо ниво на одговорност, стабилност, професионалност и човечност.

 

Новонастанатата состојба само ги зацврсти позициите на стабилната компанија

 

Раководејќи се 15 години по филозофијата на менаџирање:  „Да градиме компанија која ќе постои после нас“  во ова време на пандемија, компанијата Комфи Ангел покажа голема зрелост. Матичното производство, перници, јоргани и заштитници за јога, работеше со 60 % – 70 % од својот капацитет и автоматски генерираше загуба. Меѓутоа, благодарение на идејата за изработка на маски и брзата трансформација, преку секторите на компанијата, Комфи Ангел  успеа да создаде  одличен производ (кој што, сега за сега, е полупрофесионален, бидејќи се очекува сертификат за негова професионална изработка) – маски и скафандери, кои не само што најадоа  пласман во Македонија, туку компанијата започна и да го извезува.

 „Состојбата со нашата компанија  е стабилна.  Стабилна во однес на нарачките, стабилна со капацитет, со репроматеријали, кои денес се  клучни проблеми на голем број компании; стабилни сме со финансиите. Стабилни сме, затоа што  го оттргнавме стравот и се сконцентриравме на работата, на семејствата. Се фокусираме со позитивна енергија, за подобро утре! Кај нас, сите вработените се со реализирана 100% плата и сите солидарно треба да го надминеме овој временски период. “- истакна пред работниците  Ирена Јакимовска, потенцирајќи дека не сите фирми денеска се наоѓаат во добра состојба.
Јакимоска: „ Се додека имаме заедно убава мисла за оваа компанија, таа секогаш повеќекратно ќе ни врати. Сега можете да  погледнете дека компанијата стои зад вас. Ако направиме само 1% повеќе за компанијата, не знаете кога истата ќе застане позади Вас. Еве, Ви пример ! За жал , никогаш не помислував дека некогаш ќе го доживееме ова. Но, ова е сериозен пример, кога компанијата стои зад своите вработени.  Не работите за некој друг! Сите ние си работиме за себе си !“

                                                                  

                                                            Солидарност за работниците

кои ги изгубија работните места

 

Предлог на заедничкиот колективен состанокот беше (поради фактот што компанијата е една од ретките во подобра состојба) во соработка со Црвениот Крст, сите работници, минимум да донираат по 100 денари за  социјалните семјства,  чии средства до понеделник, треба бидат собрани  и предадени на Црвениот Крс

Од идниот месец, кога компанијата ќе го утврди и првиот процент, првиот денар како профит од изработката на маските, Комфи Ангел во соработка со Црвениот Крс ќе започне со идејата да им донира на семејствата, кои поради оваа состојба со коронавирусот ги изгубиле своите работни места

Самото тоа, докажува дека недостигот од 30 до 40% од капацитетот на компанијата, ние го покриваме со производството на маски. Производството на маски, ги работиме поради таа состојба (корона вирусот) и затоа сметам дека треба да имаме морална одговорност и добивката од тоа, да ја уплатиме, да ја поделиме, на оние, на кои им е најпотребна.“

Јакимоска им раскажа на рабониците и дел од својата приватна приказна, дека и таа некогаш била на работ на неизвесност што понатаму, поради губење на работното место

Затоа да бидеме максимално фокусирани, да си го заштитиме пред се’ своето работно место и компанијата во која работиме, за стравот од неизвесност да не влезе во нашите души и семејства,“-посочи таа.

 

 Средствата од солидарниот фонд во рацете кај Драги Петрески

 

Претходната добитничка, од стаклената топка го извлече името на Драги Петрески. Тој ја искажа неизмерната благодарност на компанијата, која и во ова време на здравствена криза , кога работниците од други компании ги губат работните места и плати , тој се наоѓа на работа и максимално ги извршува работните обврски.

 

„Во оваа фирма не постои страв од губење на работните места. Работиме и имаме. Редовно земаме плата, придонесите се платени. Јас сум во секторот отпад. Земам редовно плата. Вработен сум 8 години. Среќен што сум дел од овој тим. Средствата кои ги добив од солидарниот фонд ќе ги искористам за семејството“

 

Драги Петрески со менаџерот на Комфи Ангел Ирена Јакимовска

Дел од средствата на фондот за солидарност,  и овој месец беа подарени за оние кои тие им се најпотребни, овој пат за работничка на Комфи Ангел, болна од рак.

„Пандемијата, коронавирус, одзема луѓе, но луѓето кои ги губиме од болеста -рак, е пострашно.  Нашите средства се минорни и ништо не значат. Се’ само капка надеж! Меѓутоа, искрено се надеваме дека нашата работничка за брзо време ќе се врати во нашиопт колектив, здрава и жива!“- на крај рече Јакимовска.

 

 

Би можело да ве интересира

Заштита на потрошувачите со сертификатот за меѓународн стандард ИСО 26 000

Елизабета Филипоска

Гентерм за идната година најавува нови 500 вработувања

Гордана Цветаноска

Барањата на работниците од „Еурокомпозит“ пред разрешница, Владата го усвои Предлог законот, на ред е Собранието

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе