0.8 C
Прилеп
вторник, 24 декември, 2024
Пела Радио

Крушевчани со акцијата: „Донирај го својот стар компјутер“

По примерот на акцијата „Донирај го својот стар компјутер“ на општина Бутел и општина Крушево започнува акција за обезбедување на компјутери за социјално ранливи семејства чија намена ќе биде следење на „онлајн“ настава.  Оваа акција е продолжение на претходната кога беа доделени 30 таблети.

„Целта е  за да им се помогне на семесјтвата  кои неможаат да го имаат овој апарат во своите домови и да ја следат он-лајн наставата која се наметна за завршување на школската година со заштитните мерки во борбата со пандемијата од коронавирусот. Во ова време мислиме дека сите ги имаат овие средства за комуникација,но за жал многу семејства неможат да си го дозволат персоналнот компутер,па дури и телефон за да може да се следи настава. Функционираме заедно со Центарот за социјална работа,со цел овие донирани пероснални компутери да стигнат во „вистинските раце „ кај семејства во социјален ризик. Сите заедно да учествуваме во помош на нашите сограѓани, особено на најмладите! “-ги повика  Сотир Габелоски, од одделението за односи со јавност на Општина Крушево, своите сограѓни, во емсијата на радио Пела #SediDomaSoRadioPela!

Општина Крушево веќе има повикува до сите граѓани, здруженија и претпријатија да донираат персонални или преносни компјутери кои се функционални  Исто така, локалната самоуправа ,истакна дека во рамките на вавките акции, ќе обезбеди и одреден број на лап топи.

Би можело да ве интересира

Сопругата на Деркоски стана сопственик на еден од најголемите логистички центри за транспорт и шпедиција

Пела Редакција

Се конституира Советот на Општина Новаци и веднаш започана со работа

Елизабета Филипоска

Нема економски развој без квалитетни социјални услуги!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе